Молитва за лидерите и луѓето на власт

Се наоѓаме во предизборен период. Народот ќе избираме членови на Парламентот, а со тоа и нова Влада. Тие се само некои од водачите во нашата земја. Луѓето кои се дел од нашата влада – без разлика дали се членови на Собранието, или се дел од Претседателскиот кабинет, судството, локалната власт или други државни лидери – мора да признаеме дека се соочуваат со тешки одлуки секој ден, покрај тоа што ќе ги балансираат нивните лични животи со семејството и пријателите. Некогаш, лесно е да се заборави лицето зад политичките одлуки што ги донесуваат. Но, ако земеме еден миг да се потсетиме дека и тие се само луѓе, тоа ни овозможува да ги гледаме како дете Божјо на кое му треба молитва исто како на вас и на нас. Додека новоизбраните службеници ќе започнат со своите функции ние имаме повик за молитва за водачите во нашето општество.

Молам, пред сѐ, да се прават про­сби, молитви, молби и благодаренија за сите луѓе: за царевите и за сите што се на власт, та да поживееме тих и мирен жи­вот во потполна побожност и достоинство. Тоа е добро и угодно пред нашиот Спасител Бог, кој сака сите луѓе да бидат спасени и да запознаат со вистината. 1 Тимотеј 2:1-4

Откако ќе се молите за нашите водачи, бидете охрабрени да им испратите и писмо или порака за охрабрување. Голем дел од водачите најчесто тврдат дека веруваат во Бог, но потребно е да го запознаат лично Христос. Па затоа знаењето дека некој се моли за нив и нивната работа би била благослов за нив. И ако голем број од нив не се верници – нановородени, тоа ја покажува вашата добра волја кон нив.

Молете се за властите, лидерите и нивните семејства.

Нашите лидери имаат семејства и одговорности надвор од работата, но исто така се соочуваат со некои уникатни предизвици. Работејќи долги часови во канцеларија и со средби со различни луѓе, многу владини лидери жртвуваат време кое треба да го поминат со своето семејство за да им служат на нивните избирачи. Нивните семејства, исто така, се почесто се во центарот на вниманието, а тоа предизвикува дополнителен стрес. Затоа, молете се дека владините водачи и нивните семејства ќе бидат зајакнати од Христа и да имаат можност се повеќе да го спознаат Христос.

Боже, ти благодарам за мажите и жените кои служат на нашата земја во лидерски улоги и за нивните семејства.

Исто така, се молиме конкретно за нивните сопруги/сопрузи и нивните деца. Дај им мудрост во секоја одлука и дај им начин да го изградуваат нивното семејство спознавајќи те се повеќе Тебе Боже.

Молете се и за вработените во кабинетите на лидерите и за администрацијата

Сите водачи на нашата земја имаат членови на кабинетите и администрација, кои работат на одговор преку телефони или преку интернет, кои организираат средби со избирачите, одговараат на пораки и помагаат во обликувањето на јавната политика. Тие работат исцрпувачки часови и имаат многу тешки разговори, следејќи ги потребите и желбите на гласачите. Молете се за членовите на кабинетите и администрацијата, бидејќи тие се инволвирани низ овие разговори и одговараат на грижите на луѓето, така што потребно е да имаме молитва за да тие имаат мудрост и издржливост и да ја водат канцеларијата што ја претставуваат кон добро.

Ние сме многу благодарни за персоналот на нашите водачи, Господи. Тие луѓе имаат важна работа водејќи ги канцелариите и администрацијата на правилен начин, почитувајќи ја правдата. Благодарни сме за овие личности и се молиме да се застапуваат секогаш за добро на сите.

Склопете ги рацете за овие мажи и жени за да им покажете љубов, благодат, сила и охрабрување. 

Господе Дај им го потребното знаење за да пристапат кон секоја ситуација на најдобар можен начин. Помогни им да Те спознаат и да го видат Твоето присуство во работата што ја прават. И, Оче, дај им издржливост секој ден да пристапуваат и да најдат рамнотежа помеѓу работата и животот за да бидат одржливи.

Молете се за комуникацијата и релациите што водачите ги имаат со другите

Водачите на нашата земја се потпираат на релации и комуникација за да ги завршат своите работни обврски. Без разлика дали станува збор за поврзаност или релација со друг водач, гласачи или некој друг – комуникациите се клучни за решавање проблеми и водење на нашата демократија. Но, кога се занимавате со политика, лесно е да се градат тензии. Молете се дека надлежните можат да пристапат кон секоја комуникација што ја имаат со љубезност и со став на отвореност. Побарајте од Бога да ги води нивните разговори со Христовата љубов во смиреност слична на Христос.

Татко, ние сме многу благодарни што живееме во демократија каде многумина играат улога за да се уверат и задоволат потребите и желбите на граѓаните на нацијата. Додека нашите водачи работат заедно за да најдат решенија за тешки проблеми, ние бараме од Тебе да ги водиш да зборуваат со почит и смирение едни кон други. Помогни им да ја запознаат, примат и покажат Христовата љубов на оние со кои комуницираат и да бидат застапници за добро за сите.

Молете се за мекост во срцата на нашите водачи

Многупати пред нашите водачи се издигнуваат други важни прашања, глобални ситуации, закани по безбедноста, економски и здравствени ситуации и истите бараат да се решат итно, и поради тоа лесно е темите и потребите битни за народот да бидат подзаборавени. Но, нашите водачи имаат можност да помогнат во решавање на глобалната сиромаштија и гладот ​​преку промена на политиките. 

Затоа молете се приоритетите на избирачите да бидат исто така решавани и да не бидат заборавани или игнорирани. Но молете се властите да бидат заштитени и од искушенија на корупција и нелегални дејанија.

Господе, благодарни што имаме водачи кои го слушаат гласот на народот. (Велиме имаме, за да биде воспоставено тоа со новите избрани власти). Боже, те молам, биди со нашите власти, со нашите службеници, нека тие тежнеат за добро на сите нас. Дај им мудрост како најдобро да не претставуваат сите. Заштити ги од искушенија на корупција и нелегални дејанија. Дај им сила да кажат не на таквите исправени искушенија пред нив. Се молиме за се повеќе чесни водачи. Татко, исто така, бараме да им дадеш на нашите водачи храброст, така што дури и кога е тешко, тие да продолжат смело да ги претставуваат потребите на нивните избирачи и на најранливите. Амин