Победа со силата на Божјиот збор

Не го започнувај денот мразејќи се себе си половина час уште пред да станеш од кревет! Или уште пред да се разбудиш и да го слушаш ѓаволот како ти прошепотува цел список на грешки кои си ги направил претходниот ден, кажувајќи ти дека си една голема грешка и дека не можеш да очекуваш од Бог да стори нешто добро за тебе. Многу луѓе се поразени уште пред да ги спуштат нозете од креветот наутро! 

Помири се со себе си и така ќе започнеш да се помируваш и со другите луѓе. Ако некогаш научиме да се прифатиме и сакаме себе си, ќе започнеме да ги прифаќаме и сакаме другите.

Бог нè прифаќа какви што сме, но ѓаволот упорно се труди да нè оддалечи од разбирањето. Тој ни врши притисок од многу различни извори, обидувајќи се да направи да се чувствуваме како да не сме дораснати за стандардот каде што треба да бидеме. Тој не сака да дознаеме дека можеме да се прифатиме и да се сакаме себе си какви што сме, бидејќи знае дека ако ние некогаш го сториме тоа, нешто прекрасно ќе почне да ни се случува. 

Бог сака да се прифатиме себе си, да го сакаме тоа што сме и да научиме да се справуваме со нашите слабости, бидејќи сите имаме еден куп од нив. 

Исус ги разбира нашите слабости (види Евреи 4:15). 

Светиот Дух и помага на нашата слабост (види Римјани 8:26). 

Мислењето коешто го имаме за себе си, влијае врз сите наши врски: со луѓето и со Бог. Бидејќи тоа влијае врз нашата врска со Бог, влијае и врз нашиот молитвен живот. 

Можеме да се молиме и молиме, засновајќи ги нашите молитви врз ветувањата кои Бог ни ги дава во Писмото и да ги користиме сите правилни зборови, без да биде молитвата ефективна. Една причина поради која молитвата може да не вроди со плод е ако имаме такво лошо мислење за себе си, што не веруваме дека Бог треба да го стори тоа што го бараме. Тешко ни е да се молиме и да веруваме дека Бог ќе го стори делото коешто го бараме, бидејќи не очекуваме дека Тој ќе го стори тоа! Ја засноваме нашата вредност врз нашето поведение, дозволувајќи нашите слабости, маани и неуспеси негативно да влијаат врз нашето мислење за себе си. 

Ние сме праведни или правилно стоиме пред Бог, преку тоа што Исус го сторил со умирањето на крстот. Не можеме да го заработиме спасението преку тоа што ние го правиме – тоа е бесплатен дар од Бог, поради тоа што Исус го направил (види 1 Коринтјани 1:30; Ефесјани 2:8). Единствено треба да го прифатиме тоа. 

Мораме да го смениме нашиот начин на размислување преку обновувањето на нашиот ум со Писмото кое што нè учи дека нашата праведност со Бог е преку Исус, не преку нашите дела. 

Нашата вредност не е заснована на тоа колку прифатливи се правиме себе си за Бог. Бог бара луѓе со правилен однос на срцето кон Него, не со совршено поведение. Втора Летописи 16:9 вели: “Зашто Господ гледа со своите очи по целата земја?- За да се охрабрат тие на кои срцето им е искрено кон Него.” 

“На кои срцето им е искрено кон Него,” значи да се има правилен однос на срцето кон Бога: да се љуби Бог колку што знаеме да Го љубиме, да го сакаме тоа што Тој го сака, да ја сакаме Неговата волја, да сакаме да ја извр- шиме Неговата волја. 

Ние не ја заработуваме Божјата љубов, не ги заработуваме Неговите благослови. Можеме да одиме кај Него во секое време и да ни бидат задоволени потребите. Евреи 4:16 вели: “И така да пристапуваме смело кон престолот на благодатта (престолот на Божјата незаслужена благонаклоност кон нас грешниците), за да примиме милост (за нашите грешки) и за да најдеме благодат, за помош, во време на потреба (соодветна помош и право- времена помош, која доаѓа точно кога ни треба).” 

Библијата нè учи дека ако посееме лошо семе, ќе жнееме лоша жетва (види Галатјани 6:8). 

Луѓето кои живеат во намерна непослушност, но сакаат Бог да ги благослови и покрај тоа, може да милат дека не мораме да се потрудиме да ги надминеме нашите слабости и да добиеме Божјо одобрение. Тие веруваат дека ако сме слаби во некоја област, имаме изговор да грешиме. Вистината е оваа: ,,Бог ќе не користи и покрај нашите слабости и ќе ни помогне да ги надминеме, не мораме да се мачиме да ги надминеме самите, но мора да се движиме кон нивно надминување.“ 

Бог сака да се помириме со себе си и да научиме дека нашата вредност не е во тоа што го правиме, туку во тоа што сме. Тој сака да бидеме подготвени да сме тоа што сме, заедно со нашите слабости, а да се гледаме себесе во победата преку Христос.