Живот после раѓање! Разговор на две близначиња

Близнаци разговараат во утробата на мајката :

– Веруваш ли дека постои живот после раѓањето?

– Секако, сигурно постои нешто после раѓањето. Можеби сме тука баш затоа да се подготвиме за живот после раѓањето.

– Тоа е глупост. Нема живот после раѓање. Како би изгледал тој живот воопшто?

– Не знам точно, ама убеден сум дека ќе има повеќе светлина и дека ќе можеме да одиме и да јадеме со своја уста

– Тоа е тотална глупост. Знаеш дека е невозможно да се трча и да се јаде со сопствена уста. Па затоа имаме папочна врвца. Ти велам, нема живот после раѓање.

– Папочната врвца е прекратка. Уверен сум дека постои нешто после раѓање. Нешто сосема различно од ова што го живееме сега.

– Ама никој не се вратил оттаму. Животот завршува после раѓањето.

Освен тоа, животот не е ништо друго освен постоење во тесно и мрачно опкружување.

– Па не знам баш точно како изгледа животот после раѓање, ама во секој случај ќе ја сретнеме нашата мајка. После тоа, таа ќе се грижи за нас.

– Мајка?!? Ти веруваш во мајка? Па каде според тебе би била таа мајка?

– Насекаде околу нас, секако. Благодарение на неа сме живи, без неа воопшто не би постоеле.

– Не верувам! Мама никогаш не сум ја видел, затоа е јасно дека не постои.

Да. Можно е. Ама понекогаш, кога сме потполно мирни, кога не разговараме, можеме да ја слушнеме како пее и како го милува нашиот свет. Знаеш, речиси убеден сум дека животот после раѓање штотуку почнува……

Leave a Reply