Христос е навистина воскреснат и жив!

Ниту смртта не го заддржа, зашто ја победи смртта со воскресение и вечен живот.

Војната во Бивша Југославија. Падот на Берлинскиот ѕид. Човекот на месечината. Втората и Првата Светска војна. Откривањето на Новиот свет. Падот на Римската империја. Секој од овие настани има извонредно историско значење. Но ниту еден од нив нема толку сеопфатни, еднакво важни за целиот свет и вечни последици, како што е настанот од пред 2000 години. Тој настан е воскресението на Исус Христос.

Бог стана од својот претстол на Небесата и дојде на Земјата како Бого-човек, за да плати со смртна казна за гревовите на целиот свет.

Докази дека Исус е воскреснат:

1. Исус беше мртов.

Кога неговото тело беше симнато од оној ужасен крст на Голготата. Некои критичари велат, Исус беше само онесвестен од болка. Тогаш немаше да има потреба од воскресение. За некој да воскресне од мртвите, мора прво да умре. Римските војници не ги прекршија Исусовите нозе, зашто видоа дека Тој веќе е мртов. Војникот со копје го прободе меѓу ребрата и од таму потече вода и крв. Медицинските експерти велат дека, дури и да не бил Тој сеуште мртов, самиот тој убод би го убил. Кога Јосиф го побара телото на Христос, за тој и Никодим да можат да го погребаат, Понтие Пилат определи офицер да потврди дека Исус е мртов. Тие го подготвија телото за погребуање според еврејскиот обичај. Тоа вклучува и замотување во чист ленен повој од 50 метри. Ако имало било каков знак на живот, овие ожалостени пријатели ќе го забележеле тоа и немало Исусовото тело да го положат во гробот издлабен во карпа. Војниците на крај го запечатиле гробот со голем камен и поставиле стража за да се спречи евентуална кражба.

2. Гробот беше празен. 

Беше недела, жените одеа да го премачкаат телото на Исус со миризливи масла. По пат се чудеа кој ќе им помогне да го отстранат големиот камен за да влезат во гробот. Но кога стасаа, видоа дека каменот веќе беше отстранет! Тогаш ги пречека ангел, и им рече Исус воскресна. На гробот имало официјален римски печат и на властите ништо не им било поважно од тоа Исус да остане таму каде што Јосиф го беше положил. Имаше стража пред гробот, а телото не било веќе во гробот (за ова постојат и официјални историски записи). 

3. Појавувањата на Исус. 

Исусовите следбеници три години го слушаа и следеа и беа близу до Него. Тие немале причина да измислуваат приказни дека го виделе. Исус се појавуваше пред Своите пријатели во текот на четириесет дена ширум земјата. Марија Магдалена- плачеше, затоа што како, што рече самата: ,,Го однеле мојот Господ и не знам каде го положиле.,, Но Исус ја изненади и и се појави. Се појави и пред повеќе жени- близу до гробот. Пред учениците се појави на третиот ден, првен на двајца од нив потоа и на останатите. Се појавил и пред Петар, па пред десет од своите ученици во горната соба, за време на молитвениот час. Тие мислеа дека гледаат дух, но тој брзо ги разувери и им понуди да Му ги допрат рацете и нозете и вечераше со нив. Се појави пред единаесет ученици- во горната соба, сега и Тома го виде. На седум луѓе кај Галилејското езеро. Учениците се вратија на работа, некои беа рибари, а риби немаше ни за лек. Тој им спреми вечера. Се појави и на договорена средба со единаесетмина ученици на една планина во Галилеја, и со уште 500 луѓе. Последното појавување на Исус беше близу до Бетанија пред Тој да се вознесе- Облак го зеде од пред нивните погледи. Само пред неколку недели тие беа малодушна група чиј водач беше мртов. Сега наеднаш станаа ревносни евангелизатори.

4. Реакција на власта. 

Римските војници не беа страшливци. Тие беа специјално обучени, дисциплинирани и добро опремени. Но кога стражареја пред гробот, тие осетија дека земјата се поместува и видоа ангел како го отстранува каменот, се преплашија и се онесвестија. Иако знаеја дека ќе бидат казнети зашто не успеале во стражарењето (најчесто биле претепувани или фрлани во оган) ги известија претпоставените. Се расцепи и завесата во храмот на пола. Старешините сфатија дека со убивањето на Исус не ја постигнале целта, одлучиле да ја заташкаат работата. Ги поткупија војниците за да рашират лажна вест, дека учениците го украле телото, додека тие спиеле. Но прашање е како не успеале да се разбудат кога група на луѓе поминувала крај нив. Како не успеале да се разбудат кога таа група го тргала огромниот камен. Како не успеале да се разбудат кога го одмотувале телото од 50 метри долгиот повој и кога го изнесувале телото. Старешините знаеја дека Исус воскресна. Нивната реакција и поткуп е доказ за тоа.

5. Однесувањето на Исусовите ученици. 

Учениците на Исус не беа некое чудо од луѓе. Ноќта откако Исус беше уапсен, учениците се распрснаа секој на разна страна. Петар се исплаши и од една слугинка што го препозна како Пријател на Исус и три пати се одрече од Него. Едноставно учениците не беа луѓе од акција. Но се случи нешто и сите до еден се променија. Што би можело да биде тоа што од една група плашливци и натажени луѓе ќе направи храбри и сложни евангелизатори, спремни да станат и да сведочат дека Исус што го распнаа воскресна? Што беше тоа што им даде сила доброволно да ги жртвуваат своите животи за верата? Тие луѓе беа мачени, распнати на крст со главата надоле, набодени на колец, главите им беа отсечувани, но до последен здив тврдеа дека Исус воскреснал. Нема друго нешто што би можело толку цврсто да ги разувери, освен со свои очи да Го виделе воскреснатиот Исус. Тие не се плашеа ни својот живот да го дадат за Оној што ја победи смртта, за нив и за нас! Никој не би пострадал на ваква смрт ако стануваше збор за лага.

6. Раѓањето на христијанската Црква. 

Христијанската Црква ниту ќе се родеше, ниту пак денеска ќе постоеше, само врз основа на Исусовиот живот и учење. Црквата што се роди нешто помалку од два месеци после смртта на Исус е резултат на нешто многу позначајно од Неговите изреки, параболи и филозофија. Тоа започна откако луѓето го видоа воскреснат. Петар не проповедаше веронаука, ниту штитеше некаква филозофија. Едноставно им кажуваше на луѓето дека распнатиот Исус е жив. Тој воскреснал. Таа порака е веќе две илјади години движечка сила на Црквата.

7. Очекувањето на Христовото враќање. 

Раната црква беше време на славење и потсетување на Исусовата смрт, како и време за споменување на неговата жртва. Каква причина би имале раните христијани да слават, ако Исус се уште бил мртов? Тие луѓе беа современици на Исус. Ако приказната за Исус беше лажна, тие ќе го знаеле тоа. Никој не би се осмелил да претскажува дека Исус ќе се врати, ако Тој лежеше во гробот, или пак ако Неговото тело беше однесено и скриено. Тие немаше да веруваат во Исусовото второ доаѓање, ако не знаеја дека Тој е жив

Што вели противничката страна?

– Телото било украадено од гробот. Според оваа теорија учениците се злосторници. Тие незабележано се прикрале до каменот, го истуркале настрана и заминале оттаму, носејќи го телото на Исус. 

ПРИГОВОР: Како би можело да се прикрадат незабележано, кога имало стражари. Дури и ако тие стражари добро обучени, дисциплинирани и опремени, задремале, за што следи строга казна. Па тоа не било пракса. Сигурно би се разбудиле при тркалањето на големиот камен. И ако Исус не воскресна, тогаш кој се појави пред сите оние луѓе?

– Властите го зеле телото. Знаеќи дека телото на Исус би им значело многу на учениците, претставниците на власта, световна и религиозна го зеле телото. 

ПРИГОВОР: Да било така властите многу лесно ќе го побиеле тврдењето на Петар и другите луѓе дека Исус воскреснал. Немаше да дозволат на учениците толку ревносно да го шират христијанството, за што и ќе немаше потреба од ширење ако телото беше кај властите.

– Исусовите пријатели дошле на погрешен гроб. 

ПРИГОВОР: Ако беше така, тогаш чии биле погребните завои што ги пронајдоа Петар и Јован? Што правеше ангелот пред нечиј гроб? Можно ли е сите на ист начин да погрешиле и да дојдат на погрешен гроб? И на погрешен гроб ли стражареа војниците?

– Исус само се онесвестил. Според оваа теорија Исус не умрел на крстот. Тој паднал во длабока несвестица. Потоа, кога веќе бил сместен во гробот, оживеаал. 

ПРИГОВОР: Како војниците не забележале дека Исус не е мртов? Како Јосиф кој го завиткувал во ленено платно, не забележал дека Исус не е мртов? Како можел Исус, во една таква состојба, сам да се одвитка од погребните завои, да го турне каменот и да се појави пред луѓето совршено здрав?

– Исусовите пријатели халуцинирале. Тие гледале слики во нивните умови што одговарале на она што сакале да го видат. 

ПРИГОВОР: Како може единаесет луѓе да халуцинираат на ист начин и да видат иста слика? Како може 500 души истовремено да халуцинираат на идентичен начин. Можат ли халуцинациите да траат повеќе недели и да се случуваат на повеќе места? Може ли халуцинациите да бидат повод учениците да си го дадат животот?

За ова може да ни послужи аферата Вотергејт од 1973г. Ја објаснува поранешниот советник на претседателот Никсон на САД, Чарлс Колсон. Вотергејт не можеше да се прикрива повеќе. Го правевме тоа три неделеи, но не можевме повеќе. Ние бевме дванаесетте најмоќни луѓе во САД. Целата моќ беше во наши раце, но не можевме да издржиме сложно да лажеме ни 3 недели. Најмоќните луѓе на светот не можеа да протнат една лага, за да го спасат мандатот на претседателот Никсон. И сега вие ми тврдите дека тие бедни апостоли, отфрлени во нивната сопствена земја, можеа да издржат каменувања, прогонства и ќотеци, маченичка смрт и што ли уште не. Човечки гледано невозможно, освен ако не го виделе воскреснатиот Христос лице в лице. Ако тоа беше лага ќе се спогодуваа со властите и ќе бараа да спасат глава. Би попуштиле под тој притисок. Но тие пострадаа за Исус, зашто беа сведоци.

Христос е воскреснат и жив и вчера и денес и утре. Единственото прашање е дали го прифати за сопствен Спасител и Господ?

Автор: Џош Мекдовал

Еве можност Исус Христос да постане твој Спасител и Господ:

Исусе Христе јас сум грешен. Во покајание барам прошка од Тебе. Го прифаќам твојот откуп преку твојата крв пролеана на крстот. Сакам да живеам за твојата Божја цел. Го предавам мојот Дух во твои раце, биди Мој Господ и Спасител. Ти благодарам за Исус. Исполниме со Светиот Дух. Се молам во име на Исус. Амин

Leave a Reply