Крвта е за простување. Лебот за исцеление. – Господова Вечера

Господовата Вечера

Божјото срце полно со љубов е изразено во Господовата Вечера.

Бог ја воспоставил Светата Причест не како некој ритуал кој треба да биде пазен само, туку како благослов кој треба да биде примен – благослов на здравје и исцеление.

Кога го држиш лебот во својата рака, доаѓаш во контакт со најголемиот израз на Неговата љубов. Оваа љубов Го поттикна да ги издржи и најгрубите удари на Неговиот грб и Го водеше да го предаде Своето тело да биде тепано, рането и скршено за твоето да биде исцелено. И кога ти земаш дел од ова, ја прославуваш и ја ослободуваш твојата вера за да го примениш Неговото здравје и исцеление како замена за твојата болест и немоќ.

Кога го пиеш виното, се потсетуваш дека крвта на безгрешниот Син Божји не само што ти донесе простување – те направи и засекогаш праведен, свет и без вина. И така, денес стоиш совршен пред Таткото и Неговите уши се внимателни кон секое твое и најмало воздивнување.

Кога ќе разбереме дека Светата Причест е Божји канал за здравје и исцеление за Својот народ, и ја поучуваме црквата да правилно го распознава Господовото тело кога доаѓа на Неговата Трпеза, тогаш Божјиот народ ќе биде здрав, силен и ќе живее долго.

Телото и крвта не треба да се гледаат како една иста работа. Има два дела од Господовата Вечера бидејќи има двојна апликација во неа.

Виното, што ја претставува Неговата крв е за наше простување.

Додека лебот што го претставува Неговото тело е за наше исцеление.

КРВТА Е ЗА ПРОСТУВАЊЕ

Колосјаните 1:14 Во кого имаме откуп преку Неговата крв, простување на гревовите.

Ефесјаните 1:7 Во кого имаме откуп преку Неговата крв, прошка на гревовите, според богатството на Неговата благодат.

Бидејќи Синот Божји ја плати цената за твоите гревови, нашите гревови со Својата чиста крв, можеш да живееш без страв од казна доколку ја имаш ставено својата вера во Неговата крв да те спаси. Кога земаш дел од виното знај дека ти е простено и дека си оправдан. Крвта на Исус ти дава да стоиш исправено пред Бога, како би можел смело да доаѓаш во Неговото присуство. И кога се молиш, можеш да бидеш сигурен дека Тој те слуша.

ЛЕБОТ Е ЗА ИСЦЕЛЕНИЕ

Исус недвосмислено потврди дека лебот, што го претставува Неговото тело е за нашето исцеление.

Лука 6:19 И целиот народ сакаше да се допре до Него, зашто од Него излегуваше сила и ги исцелуваше сите.

Кога лекар, а Лука беше лекар, го вели ова тогаш знаеш дека е реално. Кога Исус им рече: Земете, јадете ова е Моето тело. Тој всушност го даваше Својот живот, здравје и исцеление на нивните тела. Тие знаеја подобро од било кој друг дека земањето на лебот значи примање на Неговото здравје во нивните смртни тела.

И додека земаш од Неговото распнато тело, знај дека Неговото тело беше распнато за твоето да биде исцелено. Кога јадеш од Причестата со овој став и вера, нешто се случува во твоето тело. Стануваш силен, здрав и ќе живееш долго.

Лука 22:15-20

Па им рече: имав желба да ја јадам оваа Пасха со вас пред да настрадам, зашто ви велам, нема веќе да ја јадам додека не се исполни Божјото царство. И ја крена чашата се заблагодари и рече: земете ја и поделете ја меѓу себе, зашто ви велам, нема да пијам од лозовиот плод додека не се исполни Божјото царство. Потоа го зеде лебот и се заблагодари, го раскрши и им го раздаде велејќи: Ова е Моето тело кое се дава за вас, правете го ова за спомен на Мене! Исто така, по вечерата ја крена и чашата и рече: Оваа чаша е Новиот Завет во Мојата крв, која се пролева за вас.

Псалм 103:2,3

Благослови го Бога душо моја, и не заборавај ги Неговите добротворства. Тој ги проштева сите твои гревови, Тој ги исцелува сите твоите болести.

Забележавте дека Неговите добротворства ги вклучуват простувањето на нашите гревови исто како и исцелението на нашите болести.

На крстот Исус ги понесе нашите гревови и нашите болести. И така исцелувањето како и простувањето не се само ветувања. Тие се право купено со крвта на Христос за секој Христијанин!

Поради тоа што Тој го стори на крстот, не само што сега имаме простување, ние исто така имаме исцеление. Простувањето и исцелението одат заедно рака под рака. Верата која ја имаш за простувањето е истата вера која ќе ти донесе исцеление.

Сите четири Евангелија запишани од Марко, Матеј, Лука и Јован го имаат споменато настанот со Господовата Вечера. Со тоа треба да бидеме сигурни дека доколку Исус сметаше дека е важно да ни каже нешто четири пати, сигурно таа вистина мора да е многу моќна.

И кога ја ставаш својата вера во завршеното, целосно и совршено дело на Исус на крстот, секое колено мора да се поклони и сејкој јазик мора да исповеда дека Исус е Господ. Тоа значи дека секој демон и болест мора да си замине со прокламирање на Господовата победа над смртта.

Ако си и верник, тогаш си и свештеник 1 Петрово 2:9

Прави го тоа што почесто, како што кажа Исус. Колку често? Толку често колку што треба. Во зависност од тоа колку го посакуваш Неговото здравје и исцеление.

Светата Причест е Божји канал за здравје, прошка и исцеление за тебе и сите нас.

Leave a Reply