Зошто постојам?

Училиште. Факултет. Работа. Дома. Работа. Дома. Можеби забава за викенд. Некогаш спорт. Кафич. Брак. Работа. Дома. Пензионирање. Внуци. Што потоа!?

Размислуваш за своите соништа?!. Сакаш да ги разјасниш своите вредности!? Поставуваш цели пред себе!? Откриј во што си добар. Цели на високо. Напред! Биди дисциплиниран. Верувај дека можеш да ги оствариш своите цели. Вклучи ги и другите. Никогаш не се откажувај.

Овие совети често водат до големи успеси. Обично човек успева во остварувањето на својата цел ако целосно се посвети на нејзиното остварување. Но, да се биде успешен и да се оствари целта во животот се две сосема различни работи!

Ти можеш да ги исполниш сите лични цели и со тоа да станеш успешен според светски стандарди, а сепак да ја промашиш целта за која Бог те создал.

Луѓето илјадници години безуспешно се обидувале да ја пронајдат целта на животот. Така е затоа што обично потрагата ја започнуваат на погрешно место, односно од самите себе си.

Поставуваме себични прашања од типот на: Што сакам Јас да бидам? Што треба јас да направам со мојот живот? Кои се моите цели, моите амбиции за мојата иднина?

Библијата вели: “Во Неговата рака лежи животот на секое суштество и животворниот здив на секое човечко тело” Јов 12:10

Многу книги и филозофии предложуваат начини за целта на животот. Но скоро сите пристапуваат на темата од човечки, себичен аспект.

Ова не е текст за тоа како да си помогнеш на самиот себеси. Не станува збор за наоѓање на вистинската кариера, остварување на твоите соништа или за планирање на твојот живот. Ниту пак, се работи за пренатрупување на твојот живот со нови дополнителни активности. Овој текст, всушност, ќе те научи како да си го олесниш животот со тоа што ќе се фокусираш на она што е важно. Се работи за тоа, да станеш она за што Бог те создал да бидеш.

Да се има откровение за целта во животот или да се има најлесниот начин да се открие целта / функцијата на некое откритие е да се праша создавачот на тој изум. Истото се однесува и за откривањето на смислата и целта на твојот живот: Прашај го Бог. Тој е изворот на животот.

Изгради го својот живот врз основа на вечни вистини

“Во Христос и ние бевме избрани за наследници, зашто бевме однапред определени според намерата на Оној Кој прави се по советот на Својата волја” Ефешјани 1:11

Овој стих ни укажува на три работи:

  • Ти го откриваш твојот идентите и целта во животот преку врска со Исус Христос.
  • Ако немаш таква врска со Христос, ќе ти објаснам како да започнеш.
  • Бог мислел на тебе долго пред ти воопшто и да помислиш на Него. Неговата цел за твојот живот е смислена уште пред твоето зачнување. Тој ја испланирал уште пред да постоиш, без да те праша за мислење! Ти можеш да си ги избереш кариерата, брачниот партнер и другите работи во твојот живот, но не можеш да си ја избереш целта на животот. Целта на твојот живот се вклопува во една многу поголема, космичка цел која Бог ја осмислил за вечноста.

Без Бог животот нема смисла

Ти не си случајност. Твоето раѓање не е грешка, ниту пак се должи на среќни околности. Твоите родители можеби не те планирале, но Бог те планирал. Долго време пред да си бил зачнат од твоите родители, ти си бил зачнат во мислите на Бог. Тој е Оној што прв помислил на тебе. Не е судбина, среќа или случајност што живееш и дишеш токму сега. Ти си жив бидејќи Бог сакал да те создаде!

Бог те создал со причина. Бог те создал за исполнување на Неговата цел за тебе. Бог знаел дека твоите родители го поседуваа точниот генетски материјал за да те создадат тебе во сета уникатност во која Бог те замислил. Тие ја имале токму онаа ДНК од која Бог сакал да те создаде.

Многу родители не ги планираат своите деца, но тоа не значи дека не се испланирани од Бог. Човекот е создаден со одредена цел. Божјиот мотив за создавање на човекот е љубов. Ние сме фокусот на Неговата љубов и највредното од сите Негови созданија. Тој е Бог на љубов.

Библијата вели: “Бог е љубов!” 1 Јован 4:8.

Не се вели дека Бог има љубов. Тој е љубов! Љубовта е суштината на Божјиот карактер.

Ти си оној кој си поради причина. Ти си скапоцен и совршено создаден. Навистина, тешкотиите со кои си се соочил не беа лесни. И Бог плачел затоа што ти беше повреден; Но Тој го дозволил тоа за да го обликува твоето срце. За да стануваш се посличен на Него. Ти си оној кој си со причина, Создаден од Господ Креаторот. Ти си кој си. Љубен од Бог, Бидејќи има Бог!

Запомни ти не си случајност.

Leave a Reply