Во Твоето присуство е обновата и промената Господе!

Нема замена за Божјето Свето присуство.

Кога ќе дојдете во Негово присуство, тој ќе го отстрани вашиот товар.

Откако ќе бидете во Негово присуство, ќе се чувствувате освежено и обновено.

Во Негово присуство имаме мир, безбедност, водство, радост и љубов.

Дали се чувствувате презаситено, исцрпено, немате мир и радост, фрустрирани сте или дури и загрижени? Дали сте вклучени во разни црковни активности, функции и посетеност, но не се чувствувате освежено? Можеби е време да се повлечеме од зафатеноста на животот и да зачекориме во Неговото присуство.

Луѓето можеби не разбираат и може да ве поттикнат или да се обидат да влијаат да направите низа работи.

Во Неговото присуство има освежување и обнова. Понекогаш треба да им кажеме „Не“ на нештата и луѓето, дури и ако се добри работи. Животот ќе ве држи да бидете зафатени. Затоа влезете на тивко место и ослободете се од се што ве окупира вклучувајќи ги и електронските уреди.

Ако останеме премногу зафатени, можеме да имаме проблем да слушнеме од Бога што сака Тој за нас. Можеме да станеме расеани и да изгубиме фокус. Нашата сила доаѓа од Господ. Ако се чувствуваме слаби и истрошени, можеби ќе треба да се повлечеме од нашите нешта и да се фокусираме кон Бог на престолот.

Кога ќе дојдете во Неговото присуство, Тој ќе го олесни вашиот товар и бреме и ќе ве опкружи вистината за вашите ситуации. Нема друго место каде може да бидете „поисполнети“ целосно. Нема замена за Божјето Свето присуство.

Што може да правите во Негово присуство?

Може да пеете и да го обожавате со музика за благодарност. Можете да ја прочитате Библијата и на избраните стихови да размислувате подлабоко, да се зајакнувате во вера и да се поучувате. Бидете отворени за да го слушате  Неговиот глас. Ако бидете емотивно допрени, слободно и исплачете се, или радувајте се и разговарајте со Бога, зашто Тој е вашиот најдобар пријател.

Прибележете што Бог зборува или покажува за вас. Нема формула да се биде во Негово присуство. Можете да направите мешавина од работи или само една работа, и секој пат кога ќе поминете време со Бога може да биде различно искуство. Немојте да тоа биде само по автоматизам. Нека Светиот Дух ве води кон она што Тој сака да го направите.

Ако на некому му треба освежување, реставрација и водство вклучете се во изворот – присуството на Светиот Дух.

Откако ќе бидете во Негово присуство, ќе се чувствувате освежено и обновено и во Негово присуство, нема страв, грижа, вознемиреност, стрес и фрустрација.

Застанете, издвојте време и кажете „не“ на низа работи / активности што ќе сакаат да ве оддалечат од времето поминато со Бог. На сите им треба ова, не само на пасторите и водачите, туку на секој христијанин кој чекори во вера или се справува со одредени битки треба да биде во Божјото присуство и секој од вас да знае дека Бог веќе ја обезбеди победата.

Секој христијанин исто така треба да верува и да дозволи Бог да ги насочува и да ги води вашите чекори, планови и да го излее Своето помазание за она што ве повика да го направите.

Во Негово присуство можете да добиете изобилство на благодат, милост, радост и мир. На секој верник му треба ова.

Ти ми го покажеш патот на животот. Во Твоето присуство е полнота од радост; вечно блаженство е во Твојата Десница. Псалм 16:11

Leave a Reply