Што значи Бог се јави?

Многумина денес честитајќи го празникот Бого јавение или Водици, го употребија поимот Бог се јави! Што значи самото тоа, Бог се јави? И што ни овозможува Евангелието?

Зборот Евангелие значи добра вест – вест за Спасителот Кој дојде на овој свет да умре заради нашите гревови и кој сака да ни ги прости и преку опростувањето да ни даде вечен живот.

Евангелието е:

1 Дар за недостостојните – (Еф. 1: 6).

„…за да биде фалена славата на Неговата благодат, со која нè дарува во Возљубениот“. Возљубениот е Исус Христос. Бог во него најде милина, бидејќи Тој го исполни целиот Закон. Со Неговата благодат сме дарувани и благословени.

2 Благослов за проколнатите (Гал. 3:13).

„Христос нè откупи од проклетството на Законот, откако стана проклетство за нас, зашто е запишано: „Проклет да е секој, кој виси на дрво (се мисли на крст)!” Откупот е исплатен не со материјални богатства, туку преку Христовата крв.

3 Чистење на гревот (1 Јован 1: 7).

„Ако пак одиме во светлина, како што е Тој Самиот во светлина, имаме заедништво еден со друг, и крвта на Неговиот Син Исус Христос нè очистува од секој грев.“ Колку и да сме грешни Бог сака да ни ги прости и да не очисти од тие гревови што сме ги наследиле од раѓање.

4 Избавување од заробеништво и опасности (2 Кор. 1:10).

„Тој нè избави и уште нè избавува од таква смрт; Тој, во Кого се надеваме дека пак ќе нè избави…“. Имаме ветувања на Божја сигурна заштита како Негови деца.

5 Збогатување на сиромашните (2 Кор 8: 9.).

„Зашто позната ви е благодатта на нашиот Господ Исус Христос, како заради вас од богат стана сиромашен, за да се обогатите вие преку Неговата сиромаштија.“ Нашето збогатување е тоа што сме ја запознале Божјата мудрост која ја надвишува човечката и да ни даде живот по смртта, и тоа живот во изобилие.

6 Полнотата на помилување на виновните (Лука 7:42).

„А бидејќи немаа да му вратат, тој им прости на двајцата. И така, кој од нив ќе го возљуби повеќе?” Тие што се свесни колку Бог им простил имаат голема благодарност кон Него.

7 Милост за заблудениот/те (Лука 15:22).

„Но таткото им рече на своите слуги: ‘Бргу, донесете ја најубавата облека, и облечете го и ставете му прстен на раката, и обувки на нозете.“

8 Избавување од темнината на пеколните врати (Кол 1:13).

„Тој нè избави од власта на темнината и нè пресели во Царството на Својот возљубен Син.“ Тој, само Христос има таква валст за избавуавње, а не човек или религија или црква. Власта на темнината е царството на сатаната.

9 Наследство на бедните (1. Петрово 1: 3-5).

„Благословен да е Бог, Таткото на нашиот Господ Исус Христос, Кој по Својата голема милост, преку воскресението на Исус Христос од мртвите, нè роди одново за жива надеж, за непоминливо наследство, и неизвалкано, и кое не вене, запазено во небесата за вас, кои Божјата сила ве чува, преку верата, за спасение, подготвено да се открие во последното време.“ Тоа наследство на бедните е за верни кои ја чувствуваат својата бедна и бараат надеж во Исус и ја наоѓаат. 

10 Радоста за светот (Лука 2:10).

„Ангелот пак им рече: „Не бојте се, зашто, еве, ви најавувам добра вест, голема радост, која ќе биде за сите народи.“ Поголема радост од тоа нема, дојде Спасител од небото во облик на Човек за спасение на сите народи кои ќе го прифатат Исус за нивни Спасител. 

11 Бакнеж на љубов и пречек на скитникот (Лука 15:20).

„И стана и тргна кон татка си. И кога беше уште далеку, неговиот татко го виде и му се сожали, па се растрча, и му се фрли на вратот и го целиваше.“ тука се огледува Божјата бесконечна љубов на оние кои заскитале далеку од Таткото Бог.

12 Живот за мртвите (Јован 5:25).

„Вистина, вистина ви велам дека доаѓа час – и веќе е тука – кога мртвите ќе го чујат гласот на Божјиот Син, и кои ќе го чујат, ќе живеат.“ Тоа воскресение духовно и физичко. Бог ќе ги воскресне верните за живот.

13 Сила за немоќните и слабите (Рим. 5: 6).

„Зашто, додека уште бевме слаби, Христос умре во определено време за безбожниците.“ Христовата смрт е предвремена уште додека не сме биле родени Тој умрел за нас. Не умрел за праведници туку за отпадници и грешници. 

14 Близината за оние кои се далеку (Еф. 2:13).

„А сега во Христос Исус, вие кои некогаш бевте далеку, станавте близу преку Христовата крв.“ Сите народи имаат еднаков пристап до Бог преку Духот. Не постојат привилигирани во тој поглед. Секој што ќе поверува е во целосна близина со Бог. Не само тие што се од кругот на Израел туку и од целиот свет.

15 Отворена врата за недостојните да им даде изобиле на живот (Јован 10: 9).

„Јас Сум вратата; кој ќе влезе низ Мене, ќе биде спасен, ќе влегува и ќе излегува и ќе најде пасиште.“ Исус е единствен влез за во Божјото небесно царство, надвор од Него не постои начин за спасение.

16 Да го урне непријателството (Кол 1:20).

„…и преку Него да измири кон Себе сè што е на земјата или на небото, творејќи мир преку крвта на Неговиот крст.“ Ако сме биле непријатели со Бог заради гревот, сега преку Христос сме Божји пријатели. Непријателството веќе не постои!

17 Мир на грешните и отфрлените (Лука 7:50).

„А на жената ѝ рече: „Твојата вера те спаси! Оди си со мир!” Кога некој ќе додје при Исус, Тој добива мир. Мирот и помирувањето е врз основа на верата. Праведникот ќе живее преку вера. 

18 Правда за неправедните (2 Кор. 5:21).

„Оној, Кој не знаеше за грев, Бог Го направи грев за нас, за да станеме Божја правда во Него.“ Во овој цитат се истакнува Божјото оправдување. Правдата е задоволена преку Оној Кој не знаеше за грев и Кој лично ја задоволи правдата преку Неговиот живот, смрт и воскресение.

19 Спас за изгубените и духовно мртвите (Еф. 2: 5).

„нè оживе заедно со Христос и нас, кои бевме мртви поради нашите гревови, – по благодат сте спасени!“ Спасението е дар – дарот не се купува, бидејќи е дар. Тој дар се прима со вера!

20 Наменето за сите (Откровение 22:17).

„Духот и невестата велат: „Дојди!” И кој слуша нека рече: „Дојди!” И кој е жеден, нека дојде, и кој сака, нека земе дарум од водата на животот!“ Дојди денес! Денешниот ден е погоден за спасение, бидејќи утрешниот не ни припаѓа. Библијата вели да не се фалиме со утрешниот ден, зашто не знаеме што ќе донесе денешниот.

Евангелието е Божја сила за спасение на грешникот и општо на секој човек. Ако денес одлучиш да го прифатиш тоа ќе те нановороди преку Светиот Дух и ќе станеш Божјо дете. „А на сите што Го примија и веруваат им дада власт да станат Божји деца – кои се родија, не од волја и похот човечка, туку од Бог. (Јован 1:12-13).

Превземено од проповедник,
Ацо Митев

Leave a Reply