Што после Велигден? Како да го прифатам Спасението и да имам живот вечен!?

Велигденското прославување помина. Но Велигден не е само еден ден. Радосната Вест од Велигден е за секој ден. Христовото воскресение е победа над гревот и смртта. Божјата љубов и благодат се излеани за секого, достапни се и за тебе, сега.

Ти не можеш да се појавиш пред Бог и да се повикаш на твоите добри дела и на твојата „совршеност“. Но затоа кога ќе застанеш пред Бог (а секој ќе застане пред Божјиот суд еден ден) можеш да се повикаш на Христос и на Неговото откупително дело на крстот од Голготата.

Дали ќе повикаш кон Исус за спасение знаејќи дека си грешен, дека не можеш сам да се оправдаш пред Бог и дека Христос умре за твојот грев?

Дали ќе го направиш Исус Христос твој Господ и Спасител?

Пред тебе стои одлука. Таа е само твоја. Никој не ја направил место тебе, ниту пак може да ја направи место тебе.

Тоа е ова: Дали ќе одлучиш сам да платиш за твојот грев или ќе одлучиш да се покаеш и да го прифатиш спасението што ти го нуди Исус?

Ако се одлучиш за Исус тогаш кажи Му го тоа преку молитва. Не чекај. Тој те слуша бидејќи е жив.

Исус е воскреснат и жив! Навистина е воскреснат и жив!

Знај Бог те љуби и за твојот живот има прекрасна замисла.

Човекот е грешен и одвоен од Бог, затоа тој не може да ги знае и доживее Божјата љубов и замисла за својот живот. Нашиот грев не одвојува од Бог. Но има решение!

Исус Христос е единственото Божјо решение за човековиот грев. Преку него можеш да ги препознаеш Божјата Љубов и замисла за твојот живот. Исус е единствениот пат до Бог. Исус воскресна од мртвите, ја победи смртта со воскресение за живот вечен.

Мораме лично да го примие Исус Христос како Господ и Спасител и само тогаш ќе можеме да ги препознаеме и доживееме Божјата љубов и замисла за нашите животи. Мораме да Го примиме Исус во своите срца преку вера и лична покана.

Исус Вели: Еве стојам пред вратата и чукам, ако немој го чуе Мојот глас и ја отвори вратата, ќе влезам кај Него. (Откровение 3:20)

Ти можеш да донесеш одлука да го примиш Христос. Еве ти водство во молитва за да го направиш тоа:

Господе Исусе, ми требаш. Јас сум грешен. Те молам прости ми ги моите гревови. Ти благодарам што умре на крстот, ја плати казната за мојот грев и ми прости. Спремен сум со Твоја помош да се одвратам од моите гревови. Ја отворам вратата на моето срце и Те примам како мој Господ и Спасите. Преземи ја контролата над мојот живот, исполниме со Твојот Свети Дух и направиме онаков како што сакаш да бидам. Ти благодарам што ми подари вечен живот. Се молам во име на Исус. Амин.

Leave a Reply