Роден во Витлеем – пророштва и остварувања

Низа гатачи и гатачки, хороскопи, вражачи тврдат дека ја знаат иднината, но најчесто грешат! Кога Божјите пророци зборувале за нештата што треба да се случат, тие никогаш не грешеле! Тие ги кажувале пораките што им ги дал Бог. Некои од нивните пророштва се однесуваат на раѓањето на Исус.

Матеј 1:18-23

А раѓањето на Исус Христос стана вака: по свршувачката на мајка Му Ма­ри­ја за Јосиф, уште пред да заживеат во заедница, се виде дека зачнала од Све­тиот Дух. А Јосиф, нејзиниот маж, бидејќи беше праведен, не сакаше да ја посрами и намисли тајно да ја отпушти. Но, штом помисли така, ангел Гос­подов му се јави на сон и му рече: „Јосифе, сине Давидов, не плаши се да ја примиш Марија, твојата жена, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух. Таа ќе роди Син и ќе Му ставиш име Исус, зашто Тој ќе го спаси народот Свој од неговите гревови.“ А сето тоа стана за да се исполни кажаното од Господа преку пророкот, кој вели: „Ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе Го наречат Емануил – што значи: со нас е Бог!“

Ајде заеднички да го погледнеме стихот 22 кој го објаснува исполнувањето на се што беше кажано за раѓањето на Исус.

А сето тоа стана за да се исполни кажаното од Господа преку пророкот.

Бог преку Неговиот пророк рекол дека Исус ќе го роди девица. Како Божји Син, Исус немало да има земен татко (Исаија 7:14 Затоа Самиот Господ ќе ви даде до­каз: ете, Девица ќе зачне и ќе роди Син, и ќе Му го дадат името Емануил. – запишано пророштво 740 години пред Христос да се роди).

Еден друг пророк рекол дека Исус ќе се роди во Витлеем (Михеј 5:2 Но ти, Витлееме Ефратов, иако си најмал меѓу илјадниците Јудејци, од тебе ќе ни излезе Оној, Кој ќе владее во Израил и чие потекло е од поче­то­кот, од вечноста. – запишано пророштво 740-700 години пред Христос).

Во 23от стих, погоре наведен, од Матеј гледаме дека пророштво и според Михеј навистина се исполнило.

Еден друг пророк рекол дека Господ Исус ќе дојде од семејството на израелскиот цар Давид (2 Книга Царства / Самоил 7:12 …Јас ќе го воздигнам по тебе твоето семе што ќе произлезе од твоите бедра, и ќе го зацврстам царството негово. Тој ќе изгради дом на името Мое, и Јас ќе го утврдам престолот на царството негово засекогаш. – пророштво запишано 1000 години пред Христос, а остварено преку животот и раѓањето на Исус што е Христос.)

Во Евангелието по Лука во 2:1-7 читаме за исполнување на пророштвото: Во тоа време излезе заповед од царот Август за попис на сите жи­те­ли. Тоа беше прв попис за време на управувањето на Квириниј со Сирија. Па така и Јосиф од Галилеја, од гра­дот Назарет, отиде во Јудеја, во гра­дот Давидов, наречен Вит­леем, бидејќи беше од домот и племето Давидово, за да се запише со Марија, неговата свршеница, која беше зачнала. А кога беа таму, нејзе ѝ дојде времето да роди. Го роди својот Син првенец, Го пови и Го положи во јасли, зашто за нив немаше место во гостилницата.

Колку е прекрасно од Бог што ни помогна сигурно да знаеме дека Тој ги исполнува Своите ветувања! Ова се само дел од низата пророштва остварени во ликот, животот и делото на нашиот Господ Исус што е Христос.

Затоа, почитувани браќа и сестри, молете се! Благодарете му на Бог што го испратил Господ Исус во светот, токму како што кажал дека ќе се случи тоа.