Реформацијата на Црквата која го промени Светот!

Пред 504 години, германскиот монах Мартин Лутер започна протест што прерасна во едно светско движење. Во тоа време, Европа живееше во сенката на Римокатоличката црква, која повеќе личеше на империја отколку на црква.

Таа крунисувала и соборувала кралеви и ја користела својата доминација за да ги држи луѓето во темнината на средновековието и неписменост.

Ова звучи прилично познато. На многу начини, времето на Лутер делумно или целосно е слично со нашето време.

Исто како и денес, сите имаа некаква идеја или замисла за Библијата, иако речиси ретко кој ја прочитал.

Како и многумина од нас, тогашните луѓе им веруваа на водачите, кои ја толкуваа на свој начин мислата од Библијата и им кажуваа што е напишано во Библијата и во што да веруваат или не.

Лутер беше еден од ретките луѓе кои всушност ја читаа Библијата и она што тој го најде во Неа ги потресе темелите на светот.

Иако бил монах, Лутер го мразел библискиот Бог на начин претставен од тогашната црква. Но, кога ја проучувал Библијата, светот околу него почнал да добива смисла, Бог имал смисла и важноста на Исус му станала јасна.

Тој го открил одговорот на своето најдлабоко прашање: Како може да се победи злото? Поточно, како би можело да се третира неговото зло – неговиот грев?

Лутер открил дека не може сам со сопствени сили да направи ништо за да го реши тој проблем. Тој разбрал дека мора да се потпре единствено на исполнетото Христово дело. Лутер ја открил централната вистина. Тоа му го променило животот. Но тоа го промени и светот.

Протестантската реформа се однесуваше на две работи: кој може да каже што е вистина и, исто така, за тоа како да се постигне помирување помеѓу тоа кои сме ние и кој е Бог.

Реформацијата призна дека Словото Божјо е крајниот авторитет во овој свет и дека совршениот живот и жртвената смрт на Исус Христос се единствениот одговор на злото и единствената основа на која грешниците можат да застанат пред светиот Бог.

Протестантската реформација е запис за трансформацијата – приказ на трансформација на омраза во љубов, од ропство во слобода и од слепа вера до славно откривање на вистината во Исус Христос.

Извор: Ligonier