
Која е чистата порака на Христијанството? Кога го имаме Светото Писмо во свои раце и на интернет можеме лесно да се насочиме кон чиста вера обновена преку Светиот Дух и преку спознание. Реформираната црква постојано треба да се реформира. А верата треба да биде исчистена од сите пагански примеси. Сите пророци насочуваат славата да биде кон Господ, не кон нив. Народот е повикан да се врати кон основата на Библијата да не забегува во идолопоклонство. Се само дел од темите во поткастот со пасторот и теолог м-р Сашо Георгиевски.
Во разговорот со него се одговара и на прашањата: Што вели Библијата – кој/што се ангелите, и како се разликуваат од луѓето? Каква е улогата на ангелите во Божјиот план? Дали тие имаат слободна волја како луѓето? Зошто не можеме да бидеме ангели кога ќе умреме – и што Библијата кажува за иднината на верниците? Од каде потекнуваат ваквите заблуди во народната култура, и како можат да влијаат на верата и разбирањето на спасението? Како верниците треба да се однесуваат кон ангелите – дали треба да им се молат, или да ги „бараат“?
Друга тема која што прекрасно е објаснета од пастор, м-р Сашо, е темата за Пророкот Илија и значењето на Илинден и од страна на духовно разбирање и од страна на историски момент за Македонија.
Во темата за пророк Илија и Илинден се одговара на пашањата: Кој беше пророкот Илија, и каква улога имаше во Стариот Завет? Зошто народот го поврзува Илија со дождот, оганот и небото? Што се случи на планината Кармил и како тоа ја покажува Божјата сила преку Илија?
Исто така се објаснува и случката од Новиот Завет, средба помеѓу Исус, Илија и Мојсеј на гората на преобразувањето. Како треба да го разбереме ова духовно и пророчки? Каква е пораката на Илија за нас денес? Дали може да се каже дека Македонија има потреба од „гласот на Илија“ денес?
Поткастот завршува со повик за молитва за Македонија – за надеж, мир и просперитет. Посебно молитва за многуте предизвици во општеството – политичките, економските, моралните. Со повик да се молиме за властите и татковината? И да се разбере дека Библискиот принцип за вистинската промена и просперитет базиран на Божјата замисла за човекот?

Во продолжение ве повикуваме редовно да слушате Импакт Интернет Радио преку плеерите на нашите интернет страници:
www.impact-press.com
www.green-press.com
www.cekorvovera.com
Или заследете ги нашите профили на социјалните медиуми:
https://www.facebook.com/cekorvovera.stepinfaith