
Голем дел од животот нè држи во превирања. Дали си забележал дека токму кога мислиш дека не можеш да се справиш со друга криза, те удира нова? Како брод што е фрлан од бура, се бориш да се справиш со најновата итна ситуација што те предизвикува.
Писателот на Псалм 107 опишал ситуација со која се соочуваат морнарите кога бродот е удиран силни ветрови. Користејќи поетски термини, тој прикажал огромни бранови како го удираат нивниот брод. Ова се неговите зборови: „(Морнарите) до небо се издигаа, а потоа, до бездната се спуштаа! Во тие неволји, нивната смелост се истопи: се тетеравеа и како пијани се сопнуваа, залудна им беше сета нивна вештина!“ (стихови 26-27).
Можеш ли да се препознаеш? Помеѓу грижата за болно дете, справувањето со најновата криза на работа и справувањето со лекарскиот извештај дека имаш сериозна физичка состојба, токму сега можеби си во средината на една од тие бури што беснеат. Ако е така, направи го она што Псалм 107 вели дека го направиле морнарите. „Во маката своја кон Господа повикаа и Тој ги избави од нивните страданија! Тој во тивок ветрец бурата ја претвори, замолкнаа морските бранови. А тие, на тишината ѝ се зарадуваа, и под Негово водство, до саканото пристаниште допатуваа.“ (стихови 28-30)
Но, понекогаш е потребно долго време пред бурата да стивне и животот повторно да се смири. Знај дека Бог не те остава во бурата. Тој е тука за да ти даде сила цело време. Затоа, следи го советот што писателот на Псалм 107 им го дал на морнарите: „Нека Му благодарат на Господа за Неговата верна љубов и Неговите чудеса што ги прави за човечкиот род!“ (стих 31)
Текст подготвен од: GuideLines