- Светиот Дух е Бог.
- Светиот Дух е третото лице на Светото Тројство – Таткото, Синот и Светиот Дух.
- Светиот Дух е личност, а не безлична енергија. Тој комуницира, има чувства, одлучува, води, насочува, советува, поучува, поддржува, утешува итн.
- Светиот Дух има своја функција во создавањето и одржувањето на светот и на сите созданија.
- Светиот Дух има неизбежна улога во нашето спасение и кога Тој почнува да делува во нашиот живот, се случуваат следниве нешта: – Светиот Дух ти сведочи дека си грешен и дека ќе следи страшен Божји суд за грешниците;
– Светиот Дух ти сведочи дека Исус Христос е Вистината, Патот до Бога, Спасител на светот, Господ, кој умре за нашите гревови и воскресна од мртвите;
– Светиот Дух те повикува да поверуваш во Исус и да се покаеш за своите гревови;
– Светиот Дух се настанува во срцето на верникот и го нановораѓа;
– Светиот Дух става печат врз срцето на верникот и му сведочи дека е спасен и станал дете Божјо;
– Светиот Дух предизвикува духовни и морални промени во животот на верникот;
– Светиот Дух алармира за опасност од грев, повикува на свет живот и дава сила да живееме свето;
– Светиот Дух произведува добар духовен плод на променет живот, односно дава: љубов, радост, мир, трпение, љубезност, добрина, верност, кротост, самоконтрола и др;
– Светиот Дух инспирира и дава сила за вршење на добри дела;
– Светиот Дух помага во молитвите и во разбирањето на Светото Писмо;
– Светиот Дух дава духовни дарови од чудотворна природа, како што се: слово на мудрост, слово на знаење, вера, исцеленија, чуда, пророштва, разликување на духовите, говорење во разни јазици, толкување на јазиците и др.
– Светиот Дух го инспирира верникот да евангелизира, да сведочи за Исус Христос и спасението и му дава авторитет додека проповеда и сведочи и помага преку знаци и чуда да се потврди вистината за Христос.
– Светиот Дух пребива во верникот индивидуалец, но Тој на специфичен начин пребива и во црквата, која е заедница на верните. Црквата е храм на Светиот Дух, Тој ја води, ја инспирира, дава визија, дава сила, авторитет, помазание, повикува и помазува луѓе за служба, зборува преку проповедите од словото, делува преку молитвите, славењето, сакраментите на црквата и др. Ова е само дел од она што Светиот Дух го прави за нас.
Без Светиот Дух нема автентична христијанска вера, нема нов живот, нема духовна сила, нема спасение. Верувај во Исус Христос и прими Го Светиот Дух во своето срце и ќе се спасиш!
Автор: Пастор Сашо Ѓеоргиевски