Правото на жената или правото на детето?

Заедно со мојата сопруга се вклучивме во работата за Право на животот, од грижа за жените кои биле уништени од абортусот. Во 1981 г., го отворивме својот дом за една бремена тинејџерка. Бев во одборот на еден од првите центри за бременост на Западниот брег на Америка, којшто даваше помош на трудни жени кои имаа потреба, беа збунети и очајни. Наша цел беше да им помогнеме на секој можен начин. И најдобар начин беше да им обезбедиме алтернативи за абортусот.

Како што одминуваше времето, јас се вклучив во образованието, политиката за право на живот, како и во мирољубивата интервенција пред клиниките за абортус. Некои служби за право на живот се фокусираат повеќе на спасување на неродените деца, а други на поддршка на бремените жени. Открив дека и двете се многу важни и неопходни и се целосно компатибилни.

Движењето што можеби не го знаеш

Многу митови му се прикачени на Движењето за право на живот. Еден пример е често повторуваната изјава: Застапниците за правото на живот не се грижат за жените ниту за децата откако ќе се родат.

Една телевизиска новинарка, со вклучена камера ми пријде во текот на еден настан за право на живот и ме праша за мојот одговор на тоа обвинување. Јас и реков: Па, јас и мојата сопруга го отворивме нашиот дом за една бремена тинејџерка и ги плаќавме трошоците додека живееше со нас. Ја поддржувавме кога реши да го даде детето на посвојување. И бидејќи прашавте, даваме значителен дел од нашите примања за да помогнеме на жените и децата.

Потоа ја запознав со мојот пријател – пастор, кој стоеше до мене, и кој со својата сопруга посвоиле деветнаесет деца, од кои голем број со Даунов синдром и други посебни потреби. Новинарката му даде знак на камерманот да престане да снима. Ја прашав дали сака да го интервјуира мојот пријател, а таа одмавна со главата и си замина.

Ова е фактот: илјадници организации за право на живот низ целиот свет даваат бесплатни тестови за бременост, ултразвук, советување, групи за поддршка, часови за грижа за децата, едукација за управување со финансии, бебиситерки, пелени, детска облека и покрив над глава. На ова може да се додадат илјадници цркви што донираат време, пари, храна, домашни поправки и секаков друг вид помош за трудни жени, самохрани мајки и семејства со ниски примања. Неброени застапници на право на живот посвојуваат деца, ги отвораат своите домови и волонтираат за да им помогнат на децата откако ќе се родат.

Оние кои нудат алтернатива на абортусот помагаат од срце, со љубов и скоро секогаш зад сцената. Спротивно на некои карикатури, овие луѓе не се само за право на раѓање туку и за право на живот. Тие се грижат за детето и за мајката, и тука се да помогнат не само пред породувањето туку и по него.

Шизофренија

И покрај тоа што се еднакво распределени, оние кои се за право на избор и оние за право на живот, две третини од Американците велат дека веруваат дека абортусот е морално погрешен. Некои поддржувачи на правото на живот го интерпретираат ова, дека не е потребно да се расправа дали нероденото дете е човек и дали абортусот е погрешен. Место тоа, нашата нагласка треба да биде жените да видат дека абортусот не е во нивен најдобар интерес.

Се согласувам дека треба да им помогнеме на жените со несакана бременост да видат дека абортусот ќе ги повреди, а не дека ќе им помогне. Многу жени веруваат дека абортусот е погрешен, но е помалото од повеќе зла – лош колку што е, тие мислат дека е подобра алтернатива отколку да родат дете, да го растат и воспитуваат или да го дадат на посвојување.

Мора да им покажеме дека иако другите опции се предизвик, абортусот е единствената опција којашто убива недолжна личност. Бидејќи го прави токму тоа, тој е најнегативната последица во животот на жената.

Сепак многумина од оние кои веруваат дека неродените деца се човечки суштества и дека абортусот е неморален, сепак имале абортус и го бранат како легитимен избор. Ова докажува дека тие не веруваат дека нероденото бебе е исто толку човек како и тригодишно дете. Тие не веруваат дека абортусот е неморален исто како и што е неморално и убивање тригодишно дете.

Истражувањата на јавното мислење исто така покажуваат дека многумина од оние кои веруваат дека абортусот е неморален, сепак сметаат дека тој треба да остане легален. Може да се претпостави дека тие луѓе веруваат дека силувањето, киднапирањето, злоставувањето деца и убиството се неморални – но нема да спорат дека тие би требало да бидат легални. Ова је покажува основната разлика помеѓу она што значи неморално – како силување и убистово и неморално како – абортус.

Никој кој смета дека нероденото дете е целосно личност, не може рационално да ја одбрани легалноста на абортусот, освен ако не ја брани и легализацијата на убиството на други луѓе. На крајот, секој аргумент за абортусот, којшто се повикува на неудобноста на мајката, стресот и финансиските тешкотии, може да биде толку убедлив и за нивната 12-годишна ќерка, нејзиниот сопруг и нејзините родители. Во многу случаи, постарите деца се многу поскапи и поставуваат поголеми барања од нивните мајки отколку неродените деца. Но, луѓето веднаш ги препознаваат овие аргументи како невалидни кога доаѓа до убивањето постари деца.

Жените често велат дека кога имале абортус, немале поим што имале внатре во себе. Некои потсвесно знаеле дека носат дете, но се повеле од реториката на правото на избор. Сега тие искрено многу жалат поради тоа. Тоа што го сториле го сметаат за привремена лудост, поткрепена од нивната добра намера, но и последица од влијанието од пријателите или роднините. Посакуваат некој да се обидел да ги разубеди од изборот што постојано ги следи. Старата книга на Поговорки, од Библијата вели дека исправниот избор е секогаш мудар и носи добри последици, додека лошиот избор секогаш е глупав и носи лоши последици.

Лажна подвоеност

Никогаш, никому не му е во интерес да убие дете. Кога детето е повредено од својата мајка, тоа не му наштетува само на детето туку и на мајката. Не е можно благосостојбата на мајката да се оддели од онаа на детето. Токму затоа, бидејќи нероденото е дете, последиците од неговото убиство се сурови. Тоа е идентитетот на првата жртва, детето кое донесува повреда на втората жртва, мајката. Затоа треба да го започнеме третманот на абортусот со идентитетот на нероденото дете.

Ренди Алкорн – (дел од) Зошто право на животот?

Издавач: Изгрев, Скопје