Научниците на фондацијата “Томас” од Велика Британија успеаа да го пронајдат местото каде пророкот Мојсеј го разделил Црвеното море, настан кој е опишан во Стариот Завет.
Египетскиот фараон им дозволил на Евреите (околу 2,5 милиони) да го напуштат Египет каде биле робови. Меѓутоа, фараонот набрзо ја променил одлуката и тргнал со војска (околу 250 000), знаејќи дека ќе ги пресретне пред Црвеното море.
По молитвата Бог му помогнал на пророкот Мојсеј да го раздели морето и луѓето преминале на другата страна. Кога војската тргнала кон нив, морето се затворило.
Мојсеј е пророк во Стариот Завет од Библијата или Тората кај Евреите. Тој бил посвоен од египетска принцеза, а подоцна во животот станал лидер на Израелците и законодавец, на кого се предава авторското право на Тората или пак се традиционално се препишува стекнувањето на Тората од Небото. Наречен Моше Рабен на хебрејски, тој е најважниот пророк во јудаизмот. Тој е исто така важен пророк во христијанството, исламот, бахајството и голем број други аврамски религии.
Според Втората книга Мојсеева или Исход во Стариот Завет, Мојсеј бил роден во време кога неговиот народ, Израелците, едно робско малцинство, се зголемувале по број, а египетскиот фараон бил загрижен дека тие би можеле да се сојузат со непријателите на Египет. Хебрејската мајка на Мојсеј, Јохаведа, тајно го сокрила кога фараонот им наредил на сите новородени Евреи да бидат убиени за да го намалат населението на Израелците. Преку ќерката на фараонот (идентификувана како кралица Битија во Мидраш), детето било скриено во кошница и пуштено во реката Нил и пораснало со египетското кралско семејство. По заминувањето на еден египетски господар над робовите, Мојсеј побегнал преку Црвено Море до Мадијам, каде што се сретнал со Ангелот испратен од Господ, кој му зборувал од една грмушка што горела на планината Хорив.
Бог го испратил Мојсеј назад во Египет за да побара ослободување на Израелците од ропство. Мојсеј му рекол на Господ дека не е доброречив човек, па Бог му дозволил на Арон, неговиот брат, да стане негов гласник. По Десетте казни врз Египет, Мојсеј го водел Исходот на Израелците од Египет и преку Црвеното Море, по што се засолнил на планината Синај, каде што Мојсеј ги примил Десетте Божји заповеди. По 40 години лутање во пустината, Мојсеј починал пред очите на Ветената земја на планината Хорив.
Научниот консензус го гледа Мојсеј како легендарна фигура, а не како историска личност. Рабинскиот јудаизам пресметал дека Мојсеј живеел околу 1391-1271 п.н.е. Јероним Стридонски околу 1592 пр.н.е., и Џејмс Усер, 1571 година пр.н.е., како негова година на раѓање.
Стар Завет / Исход 14:1-31
И Господ му рече на Мојсеј, велејќи: „Кажи им на синовите израилски да свртат и да се улогорат пред Пи-Хахирот и меѓу Мигдол и морето, пред Ваал-Цефон. Спроти него улогорете се крај морето. И така фараонот ќе рече за синовите израилски: „Заскитале во таа земја, пустината ги затворила.“ А Јас ќе направам да се ожесточи срцето на фараонот, и тој да појде во потера по нив. Но Јас ќе се прославам над фараонот и над сета негова војска. И сите Египќани ќе познаат дека Јас сум Господ.“ Тие така и направија. А кога му соопштија на египетскиот цар дека народот избегал, се измени срцето на фараонот и слугите негови спрема народот, па рекоа: „Што направивме, па ги пуштивме синовите израилски, та да не ни работат повеќе?“ И ја впрегна фараонот колата своја, и сиот народ го поведе со себе; зеде шестотини коли по избор и колку што уште имаше египетски коли, со нивните началници. А Господ направи, та се ожесточи срцето на фараонот, царот египетски, и тргна во потера по синовите израилски; но синовите на Израил врвеа под силна рака. И се впуштија по нив Египќаните, и сите коњи фараонови со колите, и коњаниците и сета војска негова, и ги најдоа крај морето, во близина на Пи-Хахирот, спроти Ваал-Цефон. А кога наближи фараонот, се обѕрнаа синовите израилски, и што ќе видат: ете, Египќаните идат по нив! И синовите израилски се уплашија многу, па извикаа кон Господ, и му рекоа на Мојсеј: „Зар немаше гробови во Египет, туку нѐ изведе овде да изгинеме во пустината? Што ни направи? Зошто нѐ изведе од Египет? Нели ти го кажавме ова и во Египет, кога ти рековме: ‚Остави нѐ, да им служиме на Египќаните?‘ Зашто подобро ќе ни беше да им робуваме на Египќаните, отколку да изгинеме во пустинава.“ А Мојсеј му рече на народот: „Не плашете се, застанете и ќе видите како Господ ќе ве спаси денес: Египќаните, како што ги гледате денес, нема повеќе никогаш да ги видите довека. Господ ќе се бори за вас, а вие бидете спокојни.“ И Господ му рече на Мојсеј: „Зошто викаш кон Мене? Кажи им на синовите на Израил нека врват. А ти земи го стапот свој и протегни ја раката своја врз морето, и раздели го, и нека минат синовите израилски, среде море по суво. Но, ете, Јас ќе го ожесточам срцето на сите Египќани, и тие ќе тргнат по нив. А Јас ќе ја покажам славата Своја над фараонот и над сета војска негова, над колите негови и над коњаниците негови. И Египќаните ќе познаат дека Јас сум Господ, кога ќе се прославам над фараонот, над колите негови, и над коњаниците негови.“ И се крена ангел Господов, кој одеше пред војската израилска, и застана зад нив; се крена и столбот од облак пред нив, и застана зад нив. А кога влезе меѓу војската египетска и војската израилска, застана; на оние им беше темнина и мрак, а на овие им беше светлина, така што преку цела ноќ не се доближија едните до другите. И ја подигна Мојсеј раката своја над морето, а Господ го разбранува морето со источен ветар, кој дуваше силно цела ноќ, па се направи во морето суво и водата се раздели. И појдоа синовите израилски среде море по суво, а водата им стоеше како ѕид од десната страна и од левата страна. А Египќаните, гонејќи ги, појдоа по нив среде море, сите коњи фараонови, колите и коњаниците негови. А во утринската стража погледна Господ на војската египетска од огнениот столб и од облакот и ја доведе во забуна војската египетска, па им ги врза тркалата на колите нивни, та одвај ги влечеа. Тогаш Египќаните рекоа: „Да бегаме од Израилците, зашто Господ се бори за нив против Египќаните!“ Тогаш Господ му рече на Мојсеј: „Пружи ја раката над морето, и нека се собере водата врз Египќаните, врз колите нивни и врз коњаниците нивни.“ И Мојсеј ја испружи раката своја над морето, и пред зори водата пак се поврати на своето место, а Египќаните тргнаа да бегаат наспроти водата; и Господ ги потопи Египќаните среде море. Кога се поврати водата, ги потопи колите и коњаниците со сета војска фараонова, што беше тргнала по нив во морето; и не остана ниеден од нив. Синовите, пак, израилски минаа среде море по суво; водата стоеше како ѕид од десната страна и од левата страна. И ги избави Господ Израилците во тој ден од рацете на Египќаните. И ги видоа синовите израилски Египќаните што изумреа на морскиот брег. Ја виде Израил големата сила, што Господ ја покажа над Египќаните, и народот се уплаши од Господ, и поверува во Бога и на слугата негов Мојсеј.