Веруваш на луѓе или на Бог!?

Случка на еден пастор: Еден ден седнав наспроти еден човек. Тоа беше тип голем како орман со три врати. Го нареков Фанелко бидејќи носеше дебела блуза. Неговата жена загина. Загинаа и неговите двајца синови. Жал да те изеде! Човекот ми дофрли: ,,Господине пасторе, не стегајте ми го вратот со вашето христијанство! Толку многу пропатив, што во ништо веќе не верувам. Премногу имам преживеано!

Се насмеав и му реков: ,,Кажи ми дали патуваш со воз.,, Ми одговори потврдно. Па дали кога патуваш со воз одиш кај машиновозачот и му бараш да ти ја покаже возачката дозвола. Фанелко ми одговори не! Па како, го запрашав. Се качуваш во воз, а не проверуваш дали машиновозачот знае да управува со возот? Значи им веруваш на секакви луѓе без да ти дадат некакви докази. Ете тоа се вика вера. Значи твојот живот си го доверил на машиновозачот. Затоа немој да ми викаш повеќе: ,,Јас не верувам. Јас не верувам.,,

Потоа го запрашав: ,,Дали купуваш во аптека? Ми одговори потврдно. Ми кажа дека си купувал прашок против главоболка скоро секој ден. Па добро му велам: ,,Што ако аптекарката наместо прашок против главоболка ти даде прашок- отров за глувци. Зар не го проверуваш прашокот. Значи веруваш во аптекарката и нејзе и го доверуваш животот. Затоа немој повеќе да велиш: ,,Јас не верувам. Јас не верувам.,, Кога твојот живот го доверуваш на машиновозач и на аптекарка.

Па драги Фанелко, му реков. Ти веруваш на секој друг и во сешто, а на Оној на Кој навистина треба да му се верува, ти не му веруваш.

Јас познавам стотици луѓе што се покајуваат поради тоа што не верувале во Исус, а сеуште не познавам некој кој се кае поради вербата во него. 

Јас не сум му на Бог министер за внатрешни работи, ниту личен адвокат. Но со помош на Библијата сум дошол до извесни сознанија и одговори на многу прашања. 

Многумина луѓе раскажувајќи ги своите животни истории прашуваат: Каде е Бог? Зошто Бог молчи? Некогаш кога ќе ги нападнат страшни работи веројатно доаѓаат и до точка кога велат: ,,па можеби нема Бог,,!? Можеби небото е празно!? Можеби атеизмот сепак е во право!? Драги пријателе, оној на кого му доаѓаат вакви мисли треба да се уплаши. Кога би било вистина дека нема Бог, тоа би било страшно. Тогаш ние луѓето би биле сами и напуштени- како диви животни! Би биле како загубени деца што не знаат да се вратат дома. Некој што кажува: ,,Јас сум атеист.,, Нема поима што изразува со тоа. Тоа значи да не постои ништо над нас! Да сме напуштени! Да сме препуштени сами на себе. Јас верувам дека има пекол. Тоа е место каде Бог нема што да им каже на луѓето. Таму можете да се молите, можете да го проколнувате, да викате по Него- но Тој нема да одговори! Пеколот е место каде што Бог не погледнува- тоа е место каде што конечно сме оставени, наполно напуштени од Бога. Можеш да правиш што сакаш, да се молиш или да пцуеш- но тој нема да одговара. Божјото молчење е најтешка казна од Бог. Бог нема што да ви каже ако вие не го прифатите Исус. Затоа отфрлете ја својата малечка религија и најдете ја верата во Исус.

Исус вели: ,,Јас те откупив, ти треба да бидеш мој.,, Прашајте го Исус: ,,Зошто висиш на крстот? А тој одговара: ,,Заради твојата вина пред Бог, или ти ќе ја платиш во пеколот, или ќе го прифатиш откупот со кој платив за тебе. Еден мора да плати. Јас го сторив тоа за тебе. Само верувај во Мене – вели Исус!,,

Решавачко прашање на сечиј живот е дали ќе го примите Исус.

Зошто Бог молчи? Бог воопшто не молчи, драги мои. Тој зборува. Неговиот збор се вика ,,Исус!,, Тоа значи љубов, милост и милосрдие. Тие што нема да го прифатат Исус за свој Господ и Спасител нема да го чујат ни Бог.

Читај од Библијата од Прво послание до Римјаните глава 10 од стих 9 до стих 17 

По избор од книгата ,,Исус наша судбина,, од Вилхелм Буш.