Бог: Светото Тројство – Заветот и Кралството

Светото Тројство

Доктрината за Светото Тројство е фундаментална вистина на христијанската вера. 

Толку е важна оваа вистина што е наречена „срцето на христијанството – “Поради ова стратешко значење, таа е една доктрина што е најмногу напаѓана, а никогаш не е побиена, само неразбрана од многумина.  Затоа, пред да одиме понатаму, ние мора да го разгледаме фактот дека Бог на Библијата е еден по природа во три во личности. Во Бога, постои совршена рамнотежа помеѓу единството и разновидноста.

Појаснување

Доктрина – е авторитативно учење.

Разновидност – квалитет на многу различни членови.

Единство – единственост;  особено во ентитет кој има разновидни делови.

Тројство – Бог во Библијата се откри како Татко, Син (Исус) и Свети Дух.

Различноста на Тројството

Прво, да признаеме дека кога се занимаваме со Тројството, ние се справуваме со мистерија. Библијата, Божјиот Збор, е наш извор и наш стандард за испитување на ова најдлабоко откровение за тоа Кој е Бог.

Писмото јасно кажува дека Таткото е Бог.  Самиот Исус Го призна Господ како Татко и нè научи да се молиме „Татко наш, Кој си на небесата…’

Словото исто така открива дека Синот, Исус Христос е Бог. Едно грубо погрешно тврдење направено од атеисти и измамници е дека Исус никогаш не тврдел дека е Бог или Син Божји. Но такви ги имало постојано и ќе ги има се до крајот на времето. Но Божјото Слово докажува јасно, тоа не само што потврдува дека Исус е Бог, туку и ги потврдува изјавите од Него лично. Сепак многу луѓе, можеби заради недостаток на знаење за Библијата, имаат отпаднато како плен на лажните учења. Исус Христос е Бог. Така вели и Библијата и Тој така вели! Кој го нема Исус Христос за Господ и Спасител нема вечен живот.

Можеби најчесто игнорираната или погрешно сфатената личност на Тројството е Светиот Дух. Сепак, Библијата ни кажува дека Светиот Дух е Бог, кој не поттикнува да сакаме да го запознаеме подобро. Исус зборуваше за Светиот Дух како Утешител или Помошник, Ветениот Кој ќе нè води во целата Вистина. А, кога Ананија и Сафира излажаа пред Светиот Дух во врска со нивните поклони, Петар им рече дека го излажа самиот Бог.

За дополнително појаснување читај ги следните стиховите од Библијата:

Римјаните 1:7 / Јован 6:41-45 / Матеј 6:6-15 / Исаија 9:6-7 / Јован 1:1-5 / Колошаните 2:8-9 / Јован 5:16-47 / Јован 6:26-59 / Јован 8:25-59 / Јован 10:25-39 / Јован 14:1-24 / Јован 20:28-29 / Дела 1:1-8 / Дела 2:1-21 / Римјаните 8:5-14 / Јован 14:15-18 / Јован 15:26-27 / Дела 5:1-5

Единството на Тројството

Во Библијата, можеме да видиме дека иако Бог е три личности, Тој е еден во својата природа. Сите три члена на Тројството функционираат во совршена хармонија и обединетост. Затоа треба да Го сакаме со сето свое срце, душа, ум и сила.

Постои совршено единство помеѓу Таткото и Синот. Исус рече дека Таткото и Синот се едно и дека се исто (иста природа) и дека може да ги стори само оние работи што Тој ги виде како ги прави Таткото… тоа е копнежот на Неговото срце, да се угоди на Таткото.

Исто така, постои совршено единство помеѓу Синот и Светиот Дух.  Светиот Дух објавува што е од Исус, Тој го прославува Исус, и Тој го претставува Исус на земјата.

И, клучно е да се разбере дека постои совршено единство помеѓу Таткото и Светиот Дух. Духот потекнува од Таткото, и Тој е Оној што ни ја прави позната волјата на Таткото.

Конечно, постои совршено единство помеѓу Таткото, Синот и Светиот Дух заедно. Самиот Исус им заповеда на верниците да се крстат во име на Таткото, во името на Синот и во името на Светиот Духот заедно. Апостол Павле ја благослови Црквата во Коринт на овој начин исто така… тој зборува за сите три обединето и исто. Во Тројството има благодат, љубов и причест.

Второзаконие 6:4-6 / Марк 12:29-30 / Јован 10:30 / Јован 5:19 / Јован 8:29 / Јован 16:5-15 / Јован 15:26-27 / 1 Коринќаните 2:9-16 / Матеј 28:18-20 / 2Коринќаните 13:14

Дејство на Тројството

За време на создавањето, пред да го создаде Адам, Господ рече: Да создадеме човек во нашиот лик. Во Бог, постои разноликост без подвојување. Мора да спознаеме дека преку целокупната историја, се што Бог прави е се што прави Бог. Се што е создадено од Бог ни е јасна слика за ова:

Таткото – иницира мисла

Синот – го посредува Зборот

Светиот Дух – управува преку акција на динамична моќ.

Битие 1:1-27

Еден учител на Библијата, по име Ерн Бакстер, јасно кажа кога рече:„Татко мисли. Синот тоа го зборува. Духот тоа го остварува’. 

Друга слика за Тројството се наоѓа на Крштевањето на Исус од Јован Крстител. Таткото проговори од рајот, Исус се покори и Духот го помаза и овласти Исус.

Матеј 3:16-17 / Лука 3:21-22

Примена

Зошто е важно за нас да разбереме дека Бог е Еден? 

На ова прашање ќе си одговориме преку следново потпрашање:

Дали има неединство во вашето семејство или црква? Ако е така, кои се позитивните чекори што може да се земат предвид да се создаде единство во разновидноста на даровите и функциите на сите вас?

Конечно, направете студија за евангелието на Јован, при што особено ќе се посветите на Личностите на Тројството.

За полесно водство прочитајте ги стиховите:

Ефешаните 4:4-6 / 1Коринќаните 12:3-31

Еден пример кој можеби ќе помогне за разбирање на Тројството е примерот со H2O. Ова е можеби далеку од големината на Бог но чисто за поедноставување. Имено H2O е хемиски состав на вода. H2O го имаме во цврста агрегатна состојба, како мраз. H2O го имаме во течна агрегатна состојба како вода. H2O го имаме во гасовита агрегатна состојба како пареа. Честичка од H2O од било која од трите агрегатни состојби и гледана под микроскоп е повторно H2O. Три, а сепак едно исто.

ЗАКЛУЧОК

Бог се открива себеси во Словото како едно и три – тешка доктрина за целосно разбирање. Но, ако го прифатиме ова, го потврдиме и примениме овој модел на Тројството на нашите сопствени животи, ќе бидеме во подобра состојба да го задржиме балансот помеѓу единството и разноликоста… она што значи едно и повеќе.

Јован 17: 6-26 Го објавив името Твое на луѓето, што си Ми ги дал од светот; тие беа Твои, и Ти Ми ги даде, и го запазија Твоето слово. Сега разбраа дека сѐ што си Ми дал, е од Тебе; зашто зборовите што си Ми ги дал им ги предадов и тие ги примија и раз­браа навистина дека од Тебе сум излегол, и поверуваа дека Ти си Ме пратил. Јас за нив се молам; не се молам за сиот свет, туку за оние што си Ми ги дал, зашто се Твои. И сѐ Мое е Твое, и Твоето – Мое, и се прославив во нив. Веќе не сум во светот, но тие се во светот, а Јас идам кај Тебе. Оче Свети, запази ги во Твоето име оние што си Ми ги дал, за да бидат едно, ка­ко што сме и Ние. Додека бев со нив во светот, Јас ги пазев во Твоето име; оние, што си Ми ги дал, ги зачував, и никој од нив не по­гина, освен погибелниот син, за да се исполни Писмото. А сега се враќам кај Тебе, и ова му го кажувам на светот за да ја имаат во себе Мојата полна радост. Јас им го предадов Твоето слово, и светот ги замрази, зашто тие не се од светот, како и Јас што не сум од него. Не се молам да ги земеш од светот, туку да ги запазиш од злото. Тие не се од светот, како и Јас што не сум од него. Посвети ги со Својата вистина. Твоето слово е вистина. Како Ти Мене што Ме прати во светот, и Јас ги пратив во светот. И за нив јас се посветувам, та и тие да бидат осветени преку вистината. Но не се молам само за нив, туку и за оние што преку нивните зборови ќе поверуваат во Мене, за да бидат сите едно, како што си Ти, Оче, во Мене, и Јас во Тебе; па така и тие да бидат во Нас едно, и да поверува светот дека Ти си Ме пратил. И славата што си Ми ја дал, ним им ја дадов, за да бидат едно, како што сме Ние. Јас сум во нив и тие се во Мене, за да бидат во сѐ едно, и да дознае светот дека Ти си Ме испратил, и нив си ги возљубил, како Мене што Ме возљуби. Оче, сакам и оние што си Ми ги дал да бидат со Мене, каде што сум Јас, за да ја гледаат Мојата слава што си Ми ја дал, зашто ме возљуби уште пред да се создаде светот. Оче Праведен, светот не Те позна, Јас Те познав; и овие познаа дека Ти си Ме испратил; и им го објавив името Твое, и ќе го известувам, та љубовта, со која Ме воз­љуби Ти, да биде во нив, и Јас во нив.“

Понекогаш, луѓето се во искушение да изберат едно, a да исклучат друго. За разбирање и прифаќање на Светото Тројство исклучување на едно од друго не е возможно ниту пожелно, зашто Тројството е Едно.

Да се разбере Тројството или Бог кој е неограничен со нашиот ограничен ум може само да се изгуби разумот. Секој ќе разбере онолку колку што ќе може да разбере. Целосно разбирање ќе имаме кога ќе бидеме во целосно заедништво со Бог. Затоа секој кој ќе го отфрли Тројството ќе го изгуби спасението и заедништвото со Бог. 

Единството со различностите треба да биде цел за сите нас. Тројството е модел за животот на поединецот во заедништво… различност без раздвојување… разлики без поделба.  Ова е Божја желба и за Неговиот народ.