Надежта е оптимистичка состојба на умот која се темели на очекување на позитивни исходи во однос на настаните и околностите во нечиј живот или воопшто во светот. Како глагол, неговите дефиниции вклучуваат: „очекувајте со доверба“ и „да ја негувате желбата со исчекување“. – дефиниција според Wikipedia.
„Надеж“ обично се користи и за копнеж: нејзината сила е јачина на копнежот на личноста.
Но, во Библијата надежта е самоуверено очекување на она што Бог го ветил и нејзината сила е во Неговата верност.
Затоа во денови на разочараност, во денови на тешки бремиња, во денови кога се изгледа така безнадежно, но и за секојдневно охрабрување потсетете се и чекорете во надежта од Бог.
Стихови од Библијата за НАДЕЖ:
Дела Ап.: 2:26 Поради тоа срцето ми е весело, и душата ми се радува; а и телото во надеж ќе ми почива,
1 Петар: 1:3 Благословен нека е Бог, Таткото на нашиот Господ Исус Христос, Кој поттикнат од Својата огромна милост, одново не роди! Сега живееме со надеж која произлезе од воскресението на Исус Христос.
1:13 Затоа, впрегнете го својот ум, размислувајте трезвено. Сета своја надеж положете ја во благонаклоноста што ќе ви биде дадена кога ќе се врати Исус Христос!
1:21 Преку Христос вие поверувавте во Бог, во Оној што Го воскресна од мртвите и Го прослави. Затоа можете со целосна доверба да ја положите својата надеж во Бог.
1 Јован: 3:3 Секој што ја положил својата надеж во Него, ќе се чува да остане чист, токму како што и Христос е чист.
Римјаните: 5:5 што никогаш нема да не разочара. Темел на нашата надеж ни е Божјата љубов што веќе е влеана во нашите срца, со посредство на Светиот Дух.
15:4 Се што во минатото е напишано во Светото Писмо, напишано е за ние да се поучиме, да оцврснеме, да се охрабриме и да не губиме надеж.
15:12 А Исаија вели: „Ќе се појави потомок на Давид, ќе им стане владетел на нееврејските народи, кои својата надеж во Него ќе ја положат!“
15:13 Сега Бог, изворот на надежта, нека ве исполни со радост и со мир заради вашата вера во Христос, а вашата надеж нека продолжи силно да расте и да се поткрепува од силата на Светиот Дух.
2 Коринтјаните 3:12 Токму поради тоа што имаме таква прекрасна надеж, можеме толку смело да настапуваме.
4:8 Од сите страни сме притиснати, но не сме поразени. Понекогаш сме збунети, но не сме без надеж.
Ефесјаните: 1:12 Ние ќе ја увеличиме Божјата слава, сите ние што навреме ја положивме својата надеж во Христос.
2:12 Тоа беше кога Го немавте Христос. Бевте туѓинци и не бевте дел од Божјиот народ. Немавте дел во заветот, во ветувањата што Бог му ги даде на Својот народ. Живеевте во овој свет без надеж и без Бог.
4:4 Сите ние сме дел од едно исто тело, сите го имаме истиот Божји Дух, и кога бевте одбрани да бидете Божји народ, вам ви беше дадена една иста надеж.
2 Солунјаните: 2:16 А сега, нашиот Господ Исус Христос и Бог Таткото, Кој не сака и ни даде трајна утеха и прекрасна надеж со Својата благонаклоност спрема нас,
Евреите: 3:6 Но Христос е верен Син и затоа Тој го раководи целото Божјо семејство, а тоа семејство сме ние, ако останеме храбри и не ја загубиме нашата надеж во Христос.
6:11 Нашата искрена желба е секој од вас да истрае докрај во својата ревност. Така ќе можете да бидете сигурни дека вашата надеж навистина и ќе се исполни.
6:19 Таа надеж е цврста котва за нашите души и не води преку завесата во Божјото најсвето место,
7:19 зашто Мојсеевиот Закон не е во состојба да направи ништо совршено. Наместо тоа, ни се дава многу подобра надеж, што може да не приближи до Бог.
1 Коринтјаните: 15:19 Ако ние се надеваме на Христос само за овој живот, тогаш ние сме најмизерни од сите луѓе на светот!
Евреите: 6:18 Бог не може да лаже! Овие две работи – Неговото ветување и заклетвата – се непроменливи и затоа, за нас што сме нашле прибежиште кај Него, тоа претставува големо охрабрување, бидејќи ние со доверба очекуваме да го добиеме тоа на што се надеваме.
11:1 Што е вера? Тоа е сигурност дека она на што се надеваме навистина и ќе се случи. Вера е увереност во нешто што не си го видел.
Римјаните: 5:4 трпеливоста гради цврст карактер, а карактерот ни ја одржува надежта
12:12 Надежта што ја имате нека ве исполнува со радост. Кога ви е тешко, бидете стрпливи и постојано молете се.
15:13 Сега Бог, изворот на надежта, нека ве исполни со радост и со мир заради вашата вера во Христос, а вашата надеж нека продолжи силно да расте и да се поткрепува од силата на Светиот Дух.
1 Коринтјаните: 13:13 Има три работи што ќе опстојат: верата, надежта и љубовта; а од сите нив, најголема е љубовта.
Колосјаните: 1:5 Вашата вера и љубов се засновани врз надежта што ја имате за она што е подготвено за вас на небото. За тоа слушнавте од вистинитата порака – од Радосната вест.
1:23 Се разбира, ако докрај продолжите да верувате цврсто и непоколебливо, и не отстапите од надежта што ја дава Радосната вест што ја чувте. Јас, Павле, добив задача од Бог да им ја проповедам таа Радосна вест на сите луѓе под небесниот свод.
Тит: 1:2 Таа произлегува од надежта дека ќе добиеме вечен живот, како што Бог уште одамна ни вети, а Тој не лаже.
Евреите: 10:23 Да се држиме цврсто и без колебање за надежта што велиме дека ја имаме, бидејќи можеме да имаме целосна доверба дека Бог ќе го исполни ветувањето што ни го даде.