Човек што е силен Христијанин има пет навики: молитва во Духот Свети, читање на Божјото Слово, славење на Бог, давање благодарност на Бог, споделување на Радосната Вест со останатите.
Со таква основа секој што поверувал и го примил Исус Христос за свој Господ и Спасител има сила за да го сподели Евангелието со секого и до крајот на Светот за да можат и други да се спасат.
Нека молитвата постане наша секојдневна комуникација со нашиот Татко за да бидеме уште посилни во се.
Господи Исусе, ние преминавме од смрт во живот (Јован 5:24) Слушајќи го Твојот Збор. И знаеме дека имаме живот во Тебе и повик да го споделиме со луѓето (Јован 5:26). Отвори ги нашите умови и срца за да ги разбереме Твоите вистини. Вистини кои многу често нашиот ум сака да ги отфрли. Ти ни даде живот. Ти благодариме за тој живот во изобилие и за твоите изобилни благослови. Се молам во име на Исус. Амин.