Наскоро доаѓам! – Големо Велигденско интервју со Исус

Може ли да Ве замолам да им се претставите на нашите читатели?

Исус: Јас сум Алфа и Омега. Првиот и Последниот. Верниот и Вистинитиот. Словото Божјо. Царот над царевите и Господарот над господарите. Јас Сум. (Откр. 17: 7, Откр. 19: 4-16, Јв 8,58)

Да почнеме од точката каде што се се оствари според претстажувањата во Стариот Завет. Неоспорно е дека  бевте убиен и распнат на крстот. Од тогаш јавноста ве нема видено, иако многу луѓе тврдат дека сте жив. Кажете ни “од прва рака”, што всушност се случи?

Исус: “Бев мртов, но оживев и ете, Жив Сум во сите векови. Амин! И ги имам клучевите на Подземјето и смртта. Дадена Ми е сета власт на небото и на земјата. (Откровение 1.18, Мт 28,18)

Мора да признаете дека многу работи се променети од тогаш. Човештвото постигна голем напредок. Човекот стапна на Месечината, пронајдена е фантастична технологијата и употребата на електричната енергија и ласерските зраци во медицината прави чуда, луѓето се образовани и знаат повеќе од било кога… Не ли е малку старомоден начинот на она што ги поучувавте луѓето пред две илјади години?

Исус: Што му вреди на човекот дури и ако го добие целиот свет, а ја игуби својата душа? Што може да даде човекот како откуп за својот живот? Небото и земјата ќе поминат, но моите зборови нема да поминат. (Мт 16: 26, Мт 24:35)

Во ред, единственото нешто со што човечката раса не може да се справи е смртта. Какво решение за смртта Вие нудите?

Исус: Јас сум Воскресението и Животот. Кој верува во мене и да умре, ќе живее. И секој кој живее и верува во Мене, нема да умре довека. Дали верувате во ова? Вистина, вистина, кој го слуша Моето слово и верува во Оној Кој ме прати, има вечен живот и не доаѓа на суд, туку преминал од смрт во живот. Вистина, вистина ви велам, доаѓа час – и веќе е тука – кога мртвите ќе го чујат гласот на Синот Божји, и кои ќе го чујат, ќе живеат. Не бидете изненадени! Доаѓа време кога сите што се во гробовите ќе го чујат гласот на Синот Божји и ќе излезат од нив; кој направил добро, ќе воскресне – во живот: оние кои направиле зло, ќе  воскресенат, за погибел. (Јован 11: 25-26, Јв 5:24)

Дали ова значи дека вие сте навистина способни да им дадете на луѓето вечен живот?

Исус: Да, Бог толку го возљуби светот, што го даде својот Единороден Син да не умре некој кој верува во него, но да има вечен живот. (Јован 3:16)

Ако оние што веруваат во Вас и добијат вечен живот, како ќе ги  препознаете таквите луѓе?

Исус: Тие се оние што го слушаат Божјиот Збор и го почитуваат. (Лк 8:21)

Што е со оние кои не веруваат?

Исус: Кој верува во Зборот Отелотворен, нему не му се суди, а кој не верува веќе е осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Божји Син. Така ќе биде и на свршетокот на векот, ангелите ќе излезат и ќе ги одделат злите од среде праведните, и ќе ги фрлат во огнена печка, таму ќе биде плач и чкртење на заби. Кој не верува ќе оди во вечна смрт, а кој верува во вечен живот. Да, ако не верувате дека Јас сум, ќе умрете во вашите гревови. (Јован 3:18, Мт 13, 49-50)

Колку луѓе на крајот ќе живеат вечно во Вашето царство, и колку од нив ќе одат во погибел?

Исус: Широка е вратата и простран е патот кој води до пропаст и многумина одат по неа. Но тесна е вратата и тесен е патот што води до вечен живот и малкумина кои го наоѓаат. (Мт 7: 13-14)

Зар не ви е жал за толку многу луѓе?

Исус: И ако некој ги чуе Моите зборови, а не ги пази – Јас нема да му судам: зашто не дојдов да му судам на светот, туку да го спасам светот. Кој ме отфрла Мене и не ги прима Моите зборови, има свој судија: Словото – што го изговорив – тоа ќе му суди во последниот ден. …а оној кој доаѓа при Мене нема да го исфрлам. (Јв 12: 47-48; Јв 6: 37 б)

Во нашата земја многумина луѓе се молат. Дали е точно дека луѓето треба постојано да повторуваат една молитва и зборови, пред да стигнат до Бога?

Исус: А кога се молите, не употребувајте напразни повторувања како народите, зашто мислите дека ќе бидат послушани, заради многуте зборови. Затоа ви велам: се што ќе побарате во молитва, верувајте дека го примивте и ќе ви биде. (Мт 6: 7-8, Марко 11, 24)

На кого треба да се молиме? Дали секој човек треба да има свој свети заштитник како посредник со Бог?

Исус: Јас сум Патот, Вистината и Животот. Никој не доаѓа кај Таткото, освен преку мене. (Јован 14: 6)

Каков е вашиот повик кон нашиот народ?

Исус: Верувајте во Бога верувајте во Мене! Кој е од Бога ги прифаќа Божјите зборови и од Бога е. Покајте се, зашто царството небесно се приближи! Дојдете кај мене сите кои сте уморни и оптоварени, и јас ќе ви дадам одмор. (Јован 14: 1, Јв 8:47а, Мт 4,17, Мт 11,28)

Дали имате порака за вашите ученици во нашата држава?

Исус: Бидете храбри! Јас сум! Не плашете се! (Мк 6,50)

Сакате да им соопштите нешто на нашите читатели?

Исус: Доаѓам наскоро! (Откровение 22:20)

Leave a Reply