Преку триумфалниот влез на Месијата во Палмовата Недела четири објави беа направени. Две објави поврзани со Рајот, “Осана во Висините” и “Слава на Величествениот” и две објави поврзани со земноста, “Осана на Синот Давидов” и “Осана на Кралот на Израел”. Целта на Месијата е обнова на Небесниот Ерусалим на земјата, во исполнителност преку Исусовата молитва: “ Нека Царството дојде на земјата како што е на небесата.” Молејќи се за мирот на Ерусалим значи дека небесниот и земниот Ерусалим ќе бидат обединети во едно, во Месијата Јешуа.
Ерусалим значи МИР (Салем – кој е Месија) кој е пратен (Еру) прво долу од Небесата и е воспоставен како основа – аголен камен во градот и потоа неговиот Збор е пратен (Еру) надвор од градот како поука – Радосна Вест и поучување се до крајот на светот. Во овие последни денови на протресување и спасение, молете се да Господ побрза во исполнувањето на Неговата цел, за значењето и судбината на Ерусалим.
Молете се за Мирот на Ерусалим – Сите оние кои ќе ја сакаат Невестата (Ерусалим) ќе просперираат (ќе бидат безбедни).
“Туку, вие пристапивте до Сионската Гора, и до градот на живиот Бог, Небесниот Ерусалим: до десетици илјади ангели, до свечениот собор и заедницата на првородените, кои се запишани на небесата, и до Бога – Судијата на сите, и до духовите на усовршените праведници; до Исуса, посредникот на Новиот Завет и до крвта за попрскување, која зборува подобро од Авеловата.”
Евреите 12:22-24
“Но небесниот Ерусалим е слободен, тој е наша мајка,”
Галатите 4:26
“Се зарадував кога ми рекоа: „Да одиме во Господовиот Дом!” Нашите нозе веќе стојат, на твоите врати, о Ерусалиме. Ерусалиме, цврсто изграден граду и како во едно слеан! Племињата, Господовите племиња, влегуваат таму, според Израелевиот закон, да Го слават Господовото Име. Судиски столици стојат таму, столици на Давидовиот дом. Молете мир за Ерусалим! Блазе им на оние, кои те љубат тебе! Нека биде мир зад твоите ѕидови и изобилие во твоите дворци! Заради своите браќа и пријатели ќе викам: „Мир на тебе!” Заради Господовиот Дом, на нашиот Бог, јас ќе се молам за твоето добро.” Псалми 122:1-9
Овој текст е за Ерусалим, од Еденската Градина до вечниот град, новиот Ерусалим, кој доаѓа од небесата; за небесниот и земниот Ерусалим. Поделбата настана со падот на човекот. Но тие ќе бидат обединети засекогаш во Месијата, Исус што е Христос, кога тој повторно ќе дојде од небесата. Пастирите во Витлеем рекоа: Слава на Бог во Висините на земјата мир и меѓу луѓето добра воља! И во Јован 1:14 тие рекоа: “И Словото стана тело и се настани меѓу нас и ја видовме Неговата слава, славата што ја има како Единороден од Таткото – полн со благодат и вистина.”
Амин.