Во овие пред Велигденски денови, нека Велигденскиот мир од Бог биде со тебе.
Почитуван читателу.
Мир! Тоа е најпосакуваната и најдлабоката потреба. Што претставува за тебе: Мир во мислите, срцето и душата! Мир со Бог! Мир со другите! Мир со самиот себе си!
Бог вели: Јас можам да го отстранам твојот СТРАВ и Јас можам да ти дадам вистински МИР.
Ти треба мир со Бог? Се прашуваш, како е возможно тоа?
Најпрво лошата вест! Сите ние, луѓето, сме грешни! Сите ние имаме погрешено, во зборови или дела! Ја имаме пропуштено т.е промашено Божјата цел и имаме паднато од Божјите стандарди!
Сите згрешија и лишени се од славата Божја. Но ќе бидат преку дар, со Божја благодат откупени во Исус Христос. Римјаните 3:23
Затоа, Бог вели: Јас те сакам!
Еве ја и Радосната Вест од Велигден, …за да го примиш Мојот Мир и Благослов – и мирот Божји, што го надвишува секој ум, ќе ги запази вашите срца и вашите мисли во Исус Христос.
Исус ни вели: Јас Сум. Син на живиот Бог, Јас и Таткото сме едно. Никој не доаѓа кај Таткото освен преку мене. Кој ме виде мене, го виде и Таткото.
Исус е Принцот на Мирот, пратен за да пострада за гревот на целото човештво. Стана од својот Свет претстол и дојде како Богочовек. Беше распнат на крстот иако безгрешен. Беше прободен и Неговата Света Крв беше пролеана за отплата на сиот грев. Преку таа света крв за нас е платено. Секој што поверува во ова има откуп, спасение и живот вечен.
Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот. Јован 3:16
Исус вели: Јас сум Воскресението и Животот. Јован 11: 25
Исповедај ги своите гревови на Бог. Согласи се со тоа дека секој од нас е грешен и прифати дека ти е простено преку Исус. Прифати го тој подарок во благодат (што во превод значи, незаслужен подарок, но Бог ти го даде преку совршената љубов во Исус). Тогаш поверувај дека Исус е и твој Господ и Спасител и прими го во својот живот.
Секој што поверува во Исус бива исполнет со Светиот Дух Божји и придобива живот вечен. Секој што го прими Исус, Бог му дава сила и тој станува Божјо дете. Секој што поверува во името на Исус е наново роден. Јован 1:12
Еве молитва (разговор со Бог), ако си спремен да го предадеш својот дух во Божји раце и да го следиш Исус Христос со сето свое срце – засекогаш:
Молитва за спасение и живот вечен
Татко Небесен, јас сум грешен, жалам за моите грешни мисли и дела. Простими. Фала ти што се даде себе си преку Исус за откуп на моите гревови. Те молам дојди во мојот живот и исполни ме со Твојот Свети Дух. Дај ми ја твојата љубов, мир и радост од првото Велигденско утро после твоето воскреснување. Фала ти што си мој Татко, Спасител и мој Господ. Се молам во име на Исус. Амин.
И знај кога го примаш Исус Христос за свој Господ и Спасител, придобиваш живот вечен!
Запомни. За духовен растеж читај ја Библијата, почни со Новиот Завет. Бог сака да ти говори. На тој начин ќе имаш вечно пријателство и водство од Бог.
Повикај го Бог преку молитва за твоја помош и водство. Благодари му на Бог, пеј му на Бог, слави го Бог. Разговарај со Бог секој ден и остани со други Христијани, нановородени за да бидеш дел од Христовото тело.
Честит Велигден.
За сите спасени кои поверуваа во Исус Христос и го примија за свој Господ и Спасител, Велигден и Божиќ е секој ден.
Божји благослов.