За воскресението, гневот и пандемијата – Отец Пимен

Зарем со целата онаа побожност што ја носиме во себе и поради која постиме, не научивме дека Христос ќе воскресне и без било кого од нас што не отишол на Воскресната литија и дека можеме насекаде смирено и побожно да го дочекаме Воскресението, дури и во нашите домови.

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од нас што со устата исповеда, а со срцето верува во Воскреснатиот.

Чувајте ги овие зборови во срцата ваши и бидете мудри и послушни. Не бидете злобни. Нели сте слушнале од вашите духовници дека послушанието е голема добродетел во духовниот живот, па така знаејќи го ова, ќе ги послушате ли вашите отци или ќе терате самоволие?

Од нас зависи во каков спомен ќе ни остане овој Велигден. 

Ќе го паметиме овој Велигден по гневот што го собираме во себе и кој го истураме врз оние кои ни ги задаваат мерките и препораките? Кон свештенството што не се заложило за отворени богослужби? Ќе го паметиме по сите оние напади што ги трпи свештенството и верниот народ од оние кои нѐ сметаат за назадни и неодговорни бидејќи не сме ги затвориле црквите и со тоа од нашата лакомост за пари сме се покажале како несовесни граѓани кои помагаат при ширењето на опасниот и смртоносен вирус?

Или, можеби ќе го паметиме овој Велигден и ќе Му благодариме на Бога како Велигден во кој сме имале доволно време за себе за да размислиме колку сме подивеле од секојдневната трка со животот и материјалните потреби и дека не е невозможна мисија ако се сака, да можеме да најдеме време за себе?

Или како Велигден на кој сме биле собрани цело семејство на полноќ пеејќи ја Воскресната ода: „Христос воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи и на оние во гробовите живот им даде!” и завршувајќи го постот на трпеза да Му благодариме на Бога што ни ги дал и ги запазил нашите блиски? 

Останатиоте дел од колумната можете да го прочитате во колумната на Отец Пимен:

https://www.mkd.mk/kolumni/za-voskresenieto-gnevot-i-pandemijata

Leave a Reply