Благословувај Го, душо моја, Господа, и целата моја внатрешност да го благословува Неговото свето име! Благословувај Го, душо моја, Господа и не заборавај ги сите Негови добрини, на Оној, Кој ги очистува сите твои беззаконија, Кој ги исцелува сите твои болести;
Псалми 103:1-3
Ние служиме на Спасител кој се понуди Себеси…
За која и потреба да е, може да ја молите оваа молитва во вера во моментов:
Драг Татко Наш Небесен,
Твоето ветување е како вода за оној кој е жеден и вода за таму каде што е суша (Исаија 44: 3).
Денес сум жеден. И така Те повикувам, верувајќи во Тебе. Ти си мојот Бог и јас те барам само Тебе. Јас копнеам да ја видам Твојата моќ и слава во мојот живот. Додека зборувам за твојата љубезност, јас чуствувам водство длабоко одвнатре. Те славам со целото мое срце. Те благословувам денес Господи без оглед на тоа како се чувствувам.
Околностите и проблемите не прават разлика во мојот став. Јас стојам со кренати раце верувајќи во Тебе и Те фалам, зашто си верен. Задоволи ме со Твојата добрина Господе (Еремија 31:14). Ти си чудесен Бог. Те благословувам и Те славам.
„Моли се секогаш“, напишал Павле во 1. Солуњаните 5:17. Молитвата треба да биде дел од нашиот секојдневен живот, бидејќи ни дава можност да му се заблагодариме и да останеме во комуникација со Нашиот Татко. Молитвата исто така ни дава можност да дојдеме пред Него со нашите барања.
Татковото ветување:
„Повикај ме, и јас ќе ти одговорам, и ќе ти покажам големи и моќни работи, за кои не можеш ни да помислиш“ (Еремија 33: 3).
Матеј 18:19 изјавува: „Повторно ви велам, ако двајца од вас се согласат на земјата да молат за нешто, што и да биде побарано, тоа ќе биде дадено за нив од Мојот Татко Небесен“.
Амин.