Бог има прекрасен план за секој еден од нас!

Дали си уморен од играње игри, носење маски, оби- дување да бидеш некој поразличен од самиот себе? Зарем не би ја сакал слободата едноставно да бидеш прифатен каков што си, без притисок да бидеш некој што воопшто не умееш да бидеш?

Дали би сакал да научиш како да успееш да бидеш тоа што си?

Бог сака да се прифатиме себе си, да го сакаме тоа што сме и да научиме да се справуваме со нашите слабости, бидејќи сите имаме еден куп од нив. Тој не сака да се одбиваме самите себе си поради нив.

Исус ги разбира нашите слабости (види Евреи 4:15). Светиот Дух и помага на нашата слабост (види Римјани 8:26). Бог го избира тоа што е слабо и безумно пред светот за да ги засрами мудрите и силните (види 1 Коринтјани 1:27).

Ако погледнам на моите слабости и ви кажам што верувам дека е мојата вредност, таа би била под нулата. Но, нашата вредност не се базира врз нешто што ние го правиме, туку врз нешто коешто Бог веќе го сторил. Бог нè прифаќа какви што сме, но ѓаволот упорно се труди да нè оддалечи од разбирањето. Тој ни врши притисок од многу различни извори, обидувајќи се да направи да се чувствуваме како да не сме дораснати за стандардот каде што треба да бидеме. Тој не сака да дознаеме дека можеме да се прифатиме и да се сакаме себе си какви што сме, бидејќи знае дека ако ние некогаш го сториме тоа, нешто прекрасно ќе почне да ни се случува.

Мислењето коешто го имаме за себе си, влијае врз сите наши врски: со луѓето и со Бог. Бидејќи тоа влијае врз нашата врска со Бог, влијае и врз нашиот молитвен живот. Можеме да се молиме и молиме, засновајќи ги нашите молитви врз ветувањата кои Бог ни ги дава во Писмото и да ги користиме сите правилни зборови, без да биде молитвата ефективна. Една причина поради која молитвата може да не вроди со плод е ако имаме такво лошо мислење за себе си, што не веруваме дека Бог треба да го стори тоа што го бараме.

Тешко ни е да се молиме и да веруваме дека Бог ќе го стори делото коешто го бараме, бидејќи не очекуваме дека Тој ќе го стори тоа! Ја засноваме нашата вредност врз нашето поведение, дозволувајќи нашите слабости, маани и неуспеси негативно да влијаат врз нашето мислење за себе си.

Луѓето се премногу ориентирани кон поведението. Уште од мали се учиме дека колку подобро се однесуваме, толку повеќе љубов ќе добиеме. Во нашата врска со Бог, нашето мислење често продолжува по овој шаблон. Мислиме дека Бог ќе нè сака и благослови повеќе ако подобро се однесуваме. Но, бидејќи не можеме да се однесуваме правилно цело време, започнуваме да работиме и да се трудиме, обидувајќи се да ги надминеме сите наши слабости. Мислиме дека Бог тогаш ќе нè сака доволно за да го направи тоа што ни е потребно.

Нашата вредност не е во тоа што го правиме, туку во тоа што Бог нè направил и преку тоа што Тој го сторил. Секој Христијанин го знае овој принцип – тоа е основата на спасението.

Ние сме праведни или правилно стоиме пред Бог, преку тоа што Исус го сторил со умирањето на крстот.

Не можеме да го заработиме спасението преку тоа што ние го правиме – тоа е бесплатен дар од Бог, поради тоа што Исус го направил (види 1 Коринтјани 1:30; Ефесјани 2:8).

Единствено треба да го прифатиме тоа. Но, иако секој Христијанин добива спасение преку верата дека сме праведни пред Бог преку тоа што Тој го сторил, вообичаено само многу зрелите Христијани продолжуваат во оваа вистина и учат да пристапуваат на сè во животот врз истата основа (види Галатјани 3:3).

Како што видовме, овој начин на размислување е спротивен на начинот на кој повеќе луѓе се навикнати да размислуваат. Мораме да го смениме нашиот начин на размислување преку обновувањето на нашиот ум со Писмото кое што нè учи дека нашата праведност со Бог е преку Исус, не преку нашите дела. Нашата вредност не е заснована на тоа колку прифатливи се правиме себе си за Бог. Бог бара луѓе со правилен однос на срцето кон Него, не со совршено поведение.

Втора Летописи 16:9 вели: “Зашто Господ гледа со своите очи по целата земја?- За да се охрабрат тие на кои срцето им е искрено кон Него.”

“На кои срцето им е искрено кон Него,” значи да се има правилен однос на срцето кон Бога: да се љуби Бог колку што знаеме да Го љубиме, да го сакаме тоа што Тој го сака, да ја сакаме Неговата волја, да сакаме да ја извршиме Неговата волја.

Бог ни обезбедил да бидеме праведни со Него (ако го прифатиме тоа). Тој нè сака и бара луѓе кои се отворени за Неговата волја, за Тој да може моќно да дејствува во нивна полза и да ги благослови.

Ние не ја заработуваме Божјата љубов, не ги заработуваме Неговите благослови. Можеме да одиме кај Него во секое време и да ни бидат задоволени потребите. Ев- реи 4:16 вели: “И така да пристапуваме смело кон престолот на благодатта (престолот на Божјата незаслуже- на благонаклоност кон нас грешниците), за да примиме милост (за нашите грешки) и за да најдеме благодат, за помош, во време на потреба (соодветна помош и право- времена помош, која доаѓа точно кога ни треба).

”Сепак, актуелниот начин на живот кој ние го избираме влијае врз нашата можност да го добиеме сето тоа што Бог го има за нас.

Живот со служење и послушност на Бог, Му дозволува да нè стави во позиција за Тој да може да отвори неколку патишта за влез на постојаните благослови кои ги добиваме. Верноста ослободува благослови (види Изреки 28:20).

Начин на живот со непослушност дефинитивно ќе влијае врз тоа што Бог може да го стори во нашите животи, бидејќи Библијата нè учи дека ако посееме лошо семе, ќе жнееме лоша жетва (види Галатјани 6:8).

Луѓето кои живеат во намерна непослушност, но сакаат Бог да ги благослови и покрај тоа, може да мислат дека не мораме да се потрудиме да ги надминеме нашите слабости и да добиеме Божјо одобрение. Тие веруваат дека ако сме слаби во некоја област, имаме изговор да грешиме.

Вистината е оваа: ,,Бог ќе не користи и покрај нашите слабости и ќе ни помогне да ги надминеме, не мораме да се мачиме да ги надминеме самите, но мора да се движиме кон нивно надминување.

“Господ му кажал на Павле: “Мојата сила се покажува совршена (исполнета и конечна) во (твојата) слабост” (2 Коринтјани 12:9).

Втора Коринтјани 13:4 ни кажува дека ние сме “слаби во Него, но ќе живееме со Него преку Божјата сила.

”Кога Павле им ја предавал на Римјаните пораката за благодатта, тој рекол: “Да останеме ли и натаму во гревот, за да се умножи Божјата благодат (наклоността и милостта)? Далеку од тоа! Ние, кои умревме за гревот, како ќе живееме уште во него?” (Римјани 6:1-2).

Со други зборови, дали треба да видиме колку многу можеме да згрешиме, бидејќи гревот ќе Му даде на Бог можност да ни даде благодат? Одговорот на Павле, на скратено, бил: “Боже Мили, како можете да грешите ако сте мртви за гревот?

”Намерата на Павле била да ги научи кои биле тие во Христос. Тие и ние, сме прифатливи, бидејќи Бог нè направил прифатливи (види Римјани 6:5-16).

Бог сака да се помириме со себе си и да научиме дека нашата вредност не е во тоа што го правиме, туку во тоа што сме. Тој сака да бидеме подготвени да сме тоа што сме, заедно со нашите слабости.

Прекрасно е да не го започнеш денот мразејќи се себе си половина час уште пред да станеш од кревет! Или да се разбудиш и да го слушаш ѓаволот како ти прошепотува список на сите грешки кои си ги направил претходниот ден, кажувајќи ти дека си една голема грешка и дека не можеш да очекуваш од Бог да стори нешто добро за тебе.

Многу луѓе се поразени уште пред да ги спуштат нозете од креветот наутро!Планот на ѓаволот е да не измами да продолжиме да ја засноваме нашата вредност врз нашето поведение, потоа да не фокусира на нашите грешки и недостатоци. Сатаната сака да имаме ниско мислење за себе си и да бидеме несигурни, за да живееме неефикасно за Бог, да бидеме бедни и неприфатливи за Божјите благослови, бидејќи мислиме дека не сме ги заслужиле.

Тогаш кога ќе се помириме со себе си ќе започнеме да се помируваме и со другите луѓе. Ако некогаш научиме да се прифатиме и сакаме себе си, ќе започнеме да ги прифаќаме и сакаме другите. Од лично искуство знам дека колку повеќе сум во можност да се прифатам и сакам себе си и покрај моите слабости и мани, толку повеќе сум поподготвена да ги прифатам и сакам другите и покрај нивните слабости и мани.

Секој од нас е несовршен, и Бог нè сака токму такви какви што сме.

Со применувањето на принципите засновани врз Библијата во овој дел од книгата, ќе го надминеш чувството на лична несигурност и ќе се подготвиш себе си за исполнување на Божјиот прекрасен план за твојот живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *