Здружението Љубители на Христијанското Евангелие организираше едукативно предавање на тема „Депресија. Како да се справиме?”
Депресијата e секојдневие и реалност за многумина. Статистиките покажуваат дека секој петти жител во Македонија пројавува симптоми на депресија.
Во 2016та година 55.000 пациенти на „Мој термин“ побарале помош или зеле рецепт за антидепресиви. Во последните неколку години на клиниката за психијатрија бројот на лица со знаци на депресија е зголемен за 37%.
Како да ги препознаеш знаците на депресијата кај себе или кај другите? Како можеш да си помогнеш на себеси?
Ова предавање беше реализирано во соработка со две стручни лица:
– Др. Лидија Ристовска, специјалист – интернист, супспецијалист – кардиолог, која поседува 2 специјализации: интерна медицина и кардиологија и
– Александра Петровска, психолог и семеен и системски советник, автор на фан страната НАРАТИВА.
Тие кон темата пристапија од агол на својата медицинска и психолошка специјалност, притоа застапувајќи го христијанскиот – библиски пристап кон оваа често присутна состојба.
Здружението Љубители на Христијанското Евангелие им благодари на стручните предавачи за прекрасното едукативно предавање.
За повеќе информации обратете се до Здружението преку следниот линк на нивниот Facebook Профил.