Сејте го семето – Сведоштво од сестра Астерија

Сега имам прилика да ви кажам сведоштво како тоа ми дојде во срце. Еднаш додека ја читав споредбата за Сејачот се видов себеси како работам за оние последни три видови почва, таму каде што има трње – го корнам трњето, каде што почвата е каменлива – ги отстранувам духовните камења кои не дозволуваат корењата да одат подлабоко, а оние кои даваа плод – само реков – може повеќе да напредува. Но мојата мисла остана со првиот вид почва и чуствував дека Бог има некоја лекција за мене.

Сеачите не сеат покрај патот но сепак покрај патиштата растат толку многу билки, цветови, и нешта кои се јадат. Кој ги сее тие семиња? Ветрот. Ја разбрав лекцијата – и ти прави го истото со ветрот на Духот Свети, каде и да одиш, на кој и пат да си, сеј. Кога патував со такси, секогаш кога ќе платев му заблагодарував на возачот со еден Нов Завет. На пазар ако одев да купам нешто, плаќав и давав по еден Нов Завет, исто и во болница, итн. секаде каде што ме водеше патот низ животот. И се молев Духот да ме води, зошто на таа прва почва, само Духот сее. И Бог ми даде потврдување дека не било залудно. Кога сакав да му дадам Нов ЗАвет повторно на еден таксист тој ми го покажа првиот што сум му го дала и ми кажа дека го чува и го чита додека чека патници.

Во медицинските сестри во првиот дом каде што бев видов вистинска промена во некои од нив, беше фрапантно колку однесувањето на оние кои што читаа се промени. Некои не се променија воопшто, веројатно го ставиле Новиот Завет на плакарот.

Уште во Србија се пееше: Да го сееме семето браќа, доброто семе на Зборот! Ова би требало да биде наша химна. Виктор Иго, еден од најпознатите француски писатели, има речено: Една Библија во секој дом, еден Нов Завет во секоја колиба. Имал добра идеја, не знам дали ја остварил, или дали успеал да ги убеди французите да го направат тоа.

Нека Бог го благослови секој сејач!

Амин.

Заедно во сеидбата со вас,

вашата сестра Астерија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *