Оче наш, којшто си на небесата,
да се свети името Твое;
да дојде царството Твое;
да биде волјата Твоја
како на небото, така и на земјата.
Лебот наш насушен дај ни го денес,
и прости нѝ ги долговите наши,
како што им ги проштаваме и ние на нашите должници.
И не нè воведи во искушение
но избави не од лукавиот,
зашто Твое е царството и силата и славата во сите векови.
Амин.