Си била некоја жена која секоја година за Бадник месела лепче и му ги засекувала крајчињата. Нејзиниот сопруг ја следел секоја година дека го прави истиот обичај. Една година решил да ја праша за светоста и значајноста на тоа што таа со години го правела.
И рекол: Жено те гледам секоја година го правиш овој обичај на засекување на крајчињата на лепчето, па сакам да те запрашам, зошто го правиш тоа? Што е значењето на овој обичај за нашата вера? Жената не знаела зошто го прави тоа и му рекла дека го правела како наследена традиција од нејзината мајка. Сопругот рекол: па ајде јави и се на твојата мајка и прашај ја зошто го прави и она тоа со децении. Зошто овој обичај е значаен за нашата вера?
Жената се јавила на мајка и и ја прашала: Мамо зошто секоја година ги сечеме крајчињата на лепчето што го месиме? Мајка и не знаела и и рекла, па мајка ми го правеше тоа (бабата на невестата). Се јавила женава на својата баба и ја прашала: Бабо зошто ги сечеме крајчињата на лепчето за Бадник? Што е тоа значајно за нашата вера? Бабата на тоа одговорила: ех керко керко. Нема поврзаност тоа со нашата вера, јас тоа го правам оти тавчето ми е помало.
Следејќи ја оваа случка можеме да согледаме дека и ден денес има низа обичаи и традиција која низа луѓе ја повторуваат и практикуваат со децении, а реално не знаат зошто го прават тоа. Или го прават тоа мислејќи дека е значајно за нивната вера, а всушност тоа е празноверување.
Многупати сме увиделе дека постојат и низа обичаи кои христијанскиот народ ги практикува мислејќи дека тоа го издигнува во верата и го прави поголем верник, а напротив тие обичаи се поблиску до паганските народи и нивните практикувања, кои денешни луѓе ги наследиле и не провериле во Библијата (основата на Христијанството) дека се погрешни во очите на Бог.
Она што го повикува Библијата и во Стариот и во Новиот завет е ова што следи како мал извадок, а има уште мнозина примери:
Ова е словото шти му дојде на Еремија од Господа: …Поправете ги своите патишта и своите дела, па Јас ќе престојувам со вас… Но ако навистина ги поправите своите патишта и своите дела, и ако навистина правите што е право секој кон својот ближен, ако не ги угнетувате странецот, сирачињата и вдовиците и ако не пролевате невина крв, ако не трчате по туѓи богови за своја несреќа – ќе престојувам со вас…
(зборувајќи што прават паганите и многубошците) вели: Децата собираат дрва, татковците запалуваат оган, жените месат тесто за да и испечат колачиња на царицата на небото и им леат налевници на други богови за да Ме похулат. (Извадок од книга напророк Исаија – Стар Завет).
Слушајте го Мојот глас, па Јас ќе бидам ваш Бог, а вие ќе бидете Мој народ. Одете по патот по кој што ви заповедав, за да ви биде добро. А тие не послушаа, не го приклонија своето уво, туку тргнаа по советот и закоравеноста на своето лошо срце; Ми ги свртија плеќите, а не лицето. Од денот кога вашите татковци излегоа од Египетската земја па до денешениов ден ви испраќав толку слуги, пророци, од ден на ден, неуморно. Но тие не Ме слушаа, не го приклонија своето уво, туку го закоравеа вратот, полошо од своите татковци… Зато речи им: Ова е народ кој не го слуша гласот на Господа, својот Бог и не прима опомени. Ја снема вистината, ја снема од нивната уста.
Од Книга на пророкот Еремија глава 7 (Стар Завет – Библија)
Внимавајте добро! Во оној ден кога Господ, вашиот Бог ви зборувашње пред огнот на Хорив, не видовте никаков лик, за да не се расипете па да не си направите за себе некаков делкан лик, кип со машко и женско обличје, ниту со обличје на некакво животно што е на земјата, ниту со обличје на некаква птица што лета под небото, ни со обличје на што и да е што ползи по земјата, ни со обличје на некаква риба што е во водата, под земјата и за да не се заведеш, кога ќе ги подигнеш своите очи кон небото па да ги видиш сонцето , месечината и ѕвездите – сета негова војска – па да им се клањаш и да им искажуваш почитување. Господ, твојот Бог им ги даде нив на сите народи, секаде под небото. А Господ ве зеде вас и ве изведе од Египет – од онаа вжарена печка за да станете народ на неговото наследство, тоа што сте денес.
Второзаконие глава 4 (Стар завет – Библија)
Ти си народ посветен на Господа, на својот Бог; Господ твојот Бог, те избра тебе меѓу сите народи, кои се на земјата, за да му бидеш негов сопствен народ. Господ не ве избра и не ве прифати дека сте побројни од сите народи – поправо вие сте најмалубројни, туку затоа дека Господ ве љуби, и дека ја пази заклетвата со која им се заколна на вашите татковци. Затоа Господ ве изведе со силна рака и ве ослободи од домот на ропството, од власта на фараонот, египетскиот цар. Затоа знај дека Господ, Твојот Бог, е вистински Бог, верен Бог. Кој го пази Својот завет и ја искажува Својата милост до илјада поколенија на оние кои Го љубат и ги пазат Неговите заповеди.
А како награда – ако ги слушаш овие закони, ако ги пазиш па ги извршуваш – Господ, твојот Бог, ќе ги пази Својот Завет и милоста за кои им се заколна на твоите татковци. Ќе те љуби, ќе те благословува и ќе те размножува… Не клањај им се на нивните богови, зашто тоа ќе биде стапица.
Второзаконие глава 7 (Стар завет – Библија)
И Исус им рече: Нашишано е, Мојот Дом ќе биде наречен Дом на молитва, а вие го направивте разбојничка пештера (се обраќа кон луѓето кои во Божјиот храм продаваа и купуваа, гулаби, пари и разна стока).
Матеј глава 21 (Нов Завет – Библија)
Христијанството не е религија.
Религија е збир на човечки настојувања за себе си да си создадат пат до Бога. Христијанството е кога Бог дојде кај луѓето преку Исуса Христа и им понуди обновен однос со самиот себе.
Христијанството не е обичаи, ниту суеверие (празно верување), ниту правила. Христијанството не е нешто што на некој ќе му се наметне или присилно ќе ве натера да го прифатите. Христијанството е љубов. Живот по благодат (нешто што не го заслуживме, но бидејќи Бог е љубов ни се придаде на поклон преку Исус), та секој кој верува да не загине туку да има живот вечен. Да се верува значи да се има вистинската и спасоносната вера. Верата што простува гревови и што дава живот вечен. Вера во нашиот Господ и Спасител Исус Христос.
Вие имате свој живот кој треба да го живеете, своја слободна воља. Се што можам да направам е да ви кажам сами да одлучите дали ќе ја прифатите љубовта што Бог ја понуди.
Можеби ќе ви помогне оваа молитва што и јас ја молев: „Господе Исусе, ми требаш. Ти благодарам што умре за мене на крстот. Прости ми и очистиме. И овој момент јас ти се доверувам како на свој личен Спасител и Господ. Учи ме да бидам таков каков што си ме создал. Води ме преку Светиот Дух. Во име на Исус те молам. Амин!“
Бог ве сака!